Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната средба со министерката за надворешни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, ги потенцираше пријателските врски меѓу двете држави и изрази благодарност за австриската поддршка на патот на нашата земја кон приклучување во Европската Унија. Гаши, како што соопшти собраниската служба за информирање, исто така …
Повеќе »Муцунски за предлогот за одвојување пет проценти од БДП за одбрана: Во НАТО сѐ уште се разговара за ова
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со подготвеноста на државата, како членка на НАТО, да ја прифати целта за одвојување пет проценти од БДП за одбраната, изјави дека ова прашање сеуште е предмет на расправа. “Вчера бев на неформалниот состанок на …
Повеќе »Раст од 1,8% на индустрискиот промет во март годинава
Вкупниот обрт во индустријата забележа пораст од 1,8 проценти во март годинава, во споредба со март минатата година, соопшти денес Државниот завод за статистика. Во месец март годинава, споредено со февруари истата година, обртот во индустријата бележи зголемување од 9,1 процент. Во првиот квартал од годината, во споредба со истиот …
Повеќе »Ангеловска-Бежоска: СЕПА е значаен исчекор, банките треба да се подготват
Приклучувањето кон СЕПА претставува значаен исчекор на патот кон Европската Унија и потврда за реформите предводени од Народната банка, насочени кон исполнување на високите европски регулаторни барања и стандарди во областа на плаќањата, констатираа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување …
Повеќе »ОАЕ со инвестиција од 800 милиони долари во сириското пристаниште Тартус
Владата на Сирија склучи меморандум за соработка со една државна фирма од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за инвестиција во висина од 800 милиони американски долари во пристаништето Тартус. Спогодбата за градење и раководење со повеќенаменски терминал во Тартус опфаќа и партнерство во формирањето на индустриски и слободни економски зони. Сирија …
Повеќе »Тирана домаќин на шестиот Самит на европската политичка заедница денеска
Тирана денес е домаќин на шестиот Самит на Европската политичка заедница, настан кој првпат се реализира во Албанија, со присуство на шефови на држави и влади, како и челници на значајните европски и меѓународни институции. Еден ден пред Самитот, лидерите на Европскиот совет и на Европската унија, претходната вечер имаа …
Повеќе »Мицкоски на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана
Денес во Тирана ќе се одржи шестиот Собир на Европската политичка заедница под наслов „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој ќе партиципира и премиерот Христијан Мицкоски. Клучна тема на Собирот, чии ко-домаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди …
Повеќе »Белгија се откажува од укинување на нуклеарната енергија
Белгија денес формално се откажа од своите замисли за постепено исклучување на нуклеарната енергија. Парламентот гласаше за отфрлање на обврската која постоеше две децении и даде дозвола за градење на нови реактори. Пратениците во Брисел го поддржаа планот на новата влада предводена од конзервативците за ревитализација на нуклеарната индустрија – …
Повеќе »Германија даде поддршка на барањето на Трамп за повеќе пари од БДП за одбрана
Германија денес формално ја изрази својата поддршка за апелот на американскиот претседател, Доналд Трамп, земјите членки на НАТО да го зголемат износот на средствата за одбрана од сегашните два на пет проценти од бруто домашниот производ (БДП). „Го следиме (Трамп) и го гледаме ова како јасен знак за посветеноста на …
Повеќе »Евростат: Раст на БДП во еврозоната од 0,3% во првиот квартал на 2025
Бруто домашниот производ (БДП) во еврозоната забележа пораст во првиот квартал од 2025 година, зголемувајќи се за 0,3 проценти во однос на претходниот квартал, информираше денес Евростат. Овој исход е поскромен од претходната проценка за зголемување од 0,4 проценти, но сепак ги надминува прогнозите на аналитичарите од јануари. Меѓу значајните …
Повеќе »
biznisvesti.mk портал