Breaking News

ВЕСТИ

Аваја ќе учествува самостојно на изборите со кандидати за пратеници Роми во четири изборни единици

– Листи за изборните единици 3, 4, 5 и 6 со вкупно 80 кандидати за пратеници поднесе Аваја – нова политичка партија која во изминатите години беше граѓанска организација фокусирана на  вклученост на Ромите во државава. Политичката партија е регистрирана на крајот на март и, со слоган „Доста е!“, ќе …

Повеќе »

Тошковски: Безбедноста состојба во државата е стабилна

Безбедносната состојба на територијата на државата е стабилна, информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по посетата на СВР Скопје. Тошковски, исто така, потсети дека во пресрет на изборите МВР ги повика сите млади кои наполниле 18 години утре да се упатат кон пунктовите низ државата за да …

Повеќе »

Единаесет македонски државјани од сообраќајката во Италија пуштени дома по укажаната лекарска помош

Во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во Италија, Министерството за надворешни работи (МНР) преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Северна Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома …

Повеќе »

Има пари за решавање на свлечиштата на автопатот Кичево-Охрид, тврди Бочварски

Средства има за решавање на 13. нови свлечишта на автопатот во изградба Кичево-Охрид, истакна денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање: Кој гарантира  дека ќе нема зголемување на средствата за овој автопат, откако рокот за изградба беше пролонгиран.  Според Бочварски, важно е што …

Повеќе »

Свештената Пречистанска Обител ги поканува верниците за достојно одбележување на манастирската слава

Сестринството од манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска информира дека се е подготвено за достојно одбележување на манастирската слава и ги повикува верниците да бидат дел во оваа радост. -Минувајќи ги деновите на благословениот пост, се наоѓаме веќе на неговата средина, во која е забодено чесното дрво на Крстот …

Повеќе »

Наизменично се одвива сообраќајот на патот Гостивар – Стража

Од 12:05 часот сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Стража се одвива наизменично, соопшти АМСМ. Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од 11:00 часот поради сообраќајна несреќа кај „Новоселски мост“. мд/лв/ . Извор: МИА

Повеќе »

Бочварски: Се чека документацијата за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот

Министерството за транспорт и врски ја чека комплетната документација за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот, истакна денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој присуствуваше на минирање за градежен материјал кој е потребен за изградба на брана на река Отиња. Тој на новинарското прашање …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска: Подобриот пристап до финансии е важен за инклузивен раст за Западен Балкан

На покана на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со гувернерката на централната банка на Босна и Херцеговина, Јасмина Селимовиќ и регионалната директорка на ЕФСЕ, Мјера Јузбашиќ- Бајгориќ се обрати на конференцијата „Родови финансии во Западен Балкан“. Градењето еднакви можности во однос на родовата димензија, каде …

Повеќе »

Уставниот суд оформи 32 нови предмети за работа во февруари 2024 година

СООПШТЕНИЕ – Во периодот февруари 2024 година до Уставниот суд се поднесени вкупно 31 иницијатива за оценка на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права по коишто се формирани 32 нови предмети за работа.   . Извор: МИА

Повеќе »

ЗНМ: Осуда за нападот кон новинарската екипа на ТВ24 на првиот ден од политичката кампања

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува агресивниот однос и вербалните закани кон новинарката Елизабета Дамјановска и нејзиниот колега снимател од ТВ24, кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ВМРО ДПМНЕ пред владата од страна на непознато лице. Бараме од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ како и до …

Повеќе »