Breaking News

Има пари за решавање на свлечиштата на автопатот Кичево-Охрид, тврди Бочварски


Средства има за решавање на 13.


нови свлечишта на автопатот во изградба Кичево-Охрид, истакна денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање: Кој гарантира  дека ќе нема зголемување на средствата за овој автопат, откако рокот за изградба беше пролонгиран.


 Според Бочварски, важно е што побргу да се направат техничките решенија за свлечиштата коишто се појавија и да продолжи реализацијата и градбата.

-Во однос на реализацијата на автопатот Кичево – Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим којшто работи од страна на надзорот и ФИДИК експертите беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија.


Како што знаете, има се уште средства коишто се ставени на располагање за да бидат реализирани токму поради тоа не се побараа нови средства за реализација на овој автопат. Значи, средства има.

Важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата коишто се појавија и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од Коридорот 8, рече Бочварски при денешниот увид во изградабата на брана на река Отиња во Штип.


Пратениците пред стартот на кампањата за Претседателските избори  изгласаа законски дополнувања со кои  се пролонгира рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид до крајот на 2026 година.

 вдј/лв/Фото: МИА .


Извор: МИА