Breaking News

ВЕСТИ

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

СООПШТЕНИЕ – Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2024 година. . Извор: МИА

Повеќе »

Пратениците в среда ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија

– Предлозите за избор на обвинителот Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител, и изборот на професорката Ана Павлова Данева за судија на Уставен суд, се на дневниот ред на 140. Седница на Собранието на Република Северна Македонија закажана за в среда. Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од …

Повеќе »

Ристески: Истата стратегија од М-НАВ се пресликува во ФЗОМ

СДС и ДУИ го уништија здравството. Наместо да ги стимулираат работниците во здравството со повисоки плати, тие кратат на плати. Вработените во ФЗОМ се жртва на лошите политики на СДС и ДУИ, истакна на денешната прес-конференција Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Недозволиво е, вели тој, поигрување со над 800 вработени …

Повеќе »

Туркстат: Годишната инфлација во Турција во јануари достигна 64,8 отсто

Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 6,7 отсто во однос на претходниот месец и достигна ниво од 64,86 отсто на годишна основа, покажуваат денеска објавените податоци на Турскиот статистички институт (Туркстат), пренесува државната телевизија ТРТ Хабер. Промената на просечната вредност на индексот на потрошувачките цени за дванаесетте месеци од претходната …

Повеќе »

Актуелниот претседател на НСПВ СО Скопје при МЕСО го обвинува поранешниот за злоупотреби и најавува кривична пријава за него

– Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје (НСПВ СО Скопје) при МЕСО –  Мултиетничкиот синдикат на образование на Македонија го обвинува поранешниот претседател на синдикатот Александар Насковски дека не се бори за нивните права, туку само за личните интереси и најавува кривична пријава за него. Како што велат, Насковски …

Повеќе »

Дритон Небиу од Алијанса за Албанците пријави сопартиец за физички напад

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, во СВР Тетово пријавил физички напад кој се случил во угостителски објект каде отишол заедно со членови на партијата Алијанса за Албанците по завршување на партиската прес-конференција. СВР Тетово потврди дека е пријавен случајот во неделата во 19:40 часот. – …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска: Преку реформи кај човечкиот капитал, инвестициите и институциите, до побрза конвергенција кон ЕУ

СООПШТЕНИЕ – Гувернерката Ангеловска Бежоска учествуваше на панел-дискусија на дваесет и второто издание на престижниот Mеѓународен економски самит Ворвик 2024, којшто се одржува на истоимениот универзитет во Обединетото Кралство. На панел-дискусијата на тема „Навигација на монетарната политика: Гледишта од централните банки ширум светот“, покрај гувернерката, учествуваше и гувернерот на централната …

Повеќе »

Меџити: Со име и со презиме треба да се знае кој се огрешил за Онкологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити за случајот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија потенцира дека нема да дозволи да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да се знае кој огрешил и за тоа да одговара. – Точно се знаат прописите како работи една јавно-здравствена институција …

Повеќе »

ЦУК: Во изминатото деноноќие 19 пожари на нискостеблеста шума

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало најмалку 19 евидентирани „зимски“ пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта  и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Биле ангажирани пожарникарите во одредени региони за гаснење и по пет пожари на отворено. Биле ангажирани …

Повеќе »

Промена на режимот на сообраќај заради замена на осветлување во тунелот „Стража“ кај Катланово

Заради замена на осветлувањето во тунелот во „Стража” кај Катланово, на патниот правец А1 делница Велес – Катланово, денеска ќе има промена на режимот на сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ за известувањето се повикуваат на информација добиена од Виадукт Трејд. сст/аа/фото МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »