ВЕСТИ

До Собранието треба да биде доставен составот и програмата на техничката влада

– Мандатарот на идната техничка влада, Талат Џафери денеска се очекува до Собранието да го достави составот и програмата на идната техничка влада. Според најавите, пленарната седница за избор на преодната влада треба да се одржи во недела, но од собраниската прес-служба, поточни информации за терминот за одржување на седницата …

Повеќе »

Конференција „Следното големо проширување на Европа: Придонес за мирот или предизвик за стабилноста на Европа“

Меѓународна конференција на тема  „Следното големо проширување на Европа: Придонес за мирот или предизвик за стабилноста на Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Паневропската унија на Македонија, а во соработка со Паневропската Унија на Австрија. Конференцијата е по повод 101 години Паневропско движење во Европа и …

Повеќе »

Денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во Беко и МРТВ

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во „Беко“ и МРТВ во Скопје. Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот. Од МВР вчера информираа дека на територија на Скопје е почната и достава на личните …

Повеќе »

Променливо облачно со локален слаб дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, со над 60 километри на час, информира Управата за …

Повеќе »

Митрески: Задоволен сум што првиот указ што го потпишав е Указот за прогласување на Законот за употреба на македонскиот јазик

Новиот претседател на Собранието Јован Митрески го потпиша Указот за прогласување на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој денеска беше донесен од страна на Собранието.  – Посебно сум задоволен што првиот Указ што го потпишав, како претседател на Собранието, е Указот за прогласување на Законот за употреба на македонскиот …

Повеќе »

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Уште една пријава за измама при купување огревни дрва евидентира полицијата. Денеска во 12: 50 часот во СВР Куманово, 64-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5. 000 денари. – Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле таа му …

Повеќе »

Министерот Лога се сретна со претседателката на Комората на проценители Младеновска

Министерот за правда Кренар Лога денеска се сретна со претседателката на Комората на проценители Валентина Младеновска.  На средбата, како што информира Министерството за правда, се разговараше за проблемите во актуелниот закон и активирање на работната група која ќе треба да изготви нов закон за процена. – Договорено е состаноците на …

Повеќе »

Митрески ја презеде функцијата претседател на Собранието

– Во Собранието попладнево се изврши примопредавањето на функцијата претседател на Собранието помеѓу стариот и нов спикер, Талат Џафери и Јован Митрески. По примопредавањето, досегашниот спикер и премиер на на техничката влада Џафери во изјава за медиумите на Mитрески и посака здравје и успешна работа во понатамошниот тек на функционирањето …

Повеќе »

Дебата: Интеркултурализмот е стратешка инвестиција за европска Северна Македонија

Земјава има високо валоризиран нормативен систем на мултикултурализам, но во пракса недостига комуникација меѓу групите. Треба да се негуваат меѓусебното разбирање и заедничкото живеење на заедниците едни со други, а не едни покрај други. Образованието во оваа насока мора да зајакне, сегрегација не смее да има. Да останеме доследни на …

Повеќе »