Breaking News

ВЕСТИ

Во Скопје казни за 119 возачи, 16 возеле пребрзо, 14 под дејство на алкохол

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен …

Повеќе »

На Попова Шапка измерени – 15 степени, во Крушево и во Берово -12

Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава. Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево – 12, во Крива Паланка – 11, во Маврови Анови – 10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница – …

Повеќе »

Македонската Армија професионална во НАТО мисиите и солидарна во справување со природните катастрофи

Приоритетите на Армијата на Република Северна Македонија и во текот на 2023 година беа во исполнување на уставната мисија и задачи, унапредување на капацитетите и способностите согласно побарувањата на НАТО. Армијата  продолжи со трансформацијата, опремувањето и модернизацијата, подобрување на условите за живот и работа, стандардизација на НАТО документите и процедурите, …

Повеќе »

Во МРТВ и Беко и денеска ќе се издаваат документи

Министерството за внатрешни работи информира дека и денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје. Работното време, како што информира МВР, е од 8 до 16 часот. бд/нд/Фото: МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »

Со дефиле под маски почнува Вевчанскиот карневал, традиција од околу 15 века

– Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги прикажат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство во изминатата година, денеска напладне ќе се одржи официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, организиран …

Повеќе »

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

– Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На …

Повеќе »

Студено, преку денот сончево со мала локална облачност

Времето утринава ќе биде студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -4, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје сончево со …

Повеќе »

Кузеска: Во тек е постапката за избор на кандидат за претседател на државата и кандидати на пратеници од редовите на СДСМ

Започна постапката за избор на кандидат за претседател на државата од редовите на СДСМ, како и утврдувањето на кандидати за пратеници во македонското Собрание, соопшти портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција. Кузеска посочи дека во тек е евидентирањето кандидати за пратеници во рамки на месните одбори во општинските …

Повеќе »

Северна Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен

Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, денеска го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. Како што информираа од Министерството за транспорт и врски, …

Повеќе »

Одадена почит на единаесетте загинати армиски припадници во хеликоптерската несреќа кај Блаце

Со полагање цвеќе на местото на хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и во кампот „Бутмир“ во Сараево, денеска се одаде почит на единаесетте армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг, кои пред шеснаесет години трагично ги загубија своите животи, соопшти Канцеларијата за односи со …

Повеќе »