Breaking News

Пратениците в среда ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија


– Предлозите за избор на обвинителот Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител, и изборот на професорката Ана Павлова Данева за судија на Уставен суд, се на дневниот ред на 140.


Седница на Собранието на Република Северна Македонија закажана за в среда.


Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно мислење од Советот на јавните обвинители, покрај обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Коцевски е адвокат од 1995 година, а во 2008 е избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во републичкото обвинителство.


Претходниот државен обвинител, Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година. Во моментов, в. д.

републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески е обвинителката Соња Симовска. Професорката Ана Павлова Данева доаѓа од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.


Таа беше предложена откако СДСМ го повлече предлогот за Љубомир Јовески кој беше предложен пред скоро две години.

Уставен суд подолго време работеше по нецелосен состав, а изборот на Павлова Данева, би го пополнил последното празно место во Судот. ар/аа/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА