Breaking News

Ристески: Истата стратегија од М-НАВ се пресликува во ФЗОМ


СДС и ДУИ го уништија здравството. Наместо да ги стимулираат работниците во здравството со повисоки плати, тие кратат на плати.


Вработените во ФЗОМ се жртва на лошите политики на СДС и ДУИ, истакна на денешната прес-конференција Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.


Недозволиво е, вели тој, поигрување со над 800 вработени во ФЗОМ и да им се намалуваат платите за 21%, а во исто време да се распишува оглас за 61 нови вработувања на стотина дена пред избори.

„Несомнено се наметнува фактот дека власта ги намалува платите на постоечките вработени во ФЗОМ, за да може да прими 61 партиски војник пред избори.


Истата стратегија од М-НАВ се пресликува во ФЗОМ, една институција која служела за пример и квалитетна работа се партизира и полни со партиски кадри.

СДС и ДУИ на институциите гледаат само како на место за вдомување на партиските активисти, и заради тоа Македонија добива катастрофални извештаи од ЕК“, оценува Ристески.


Во ЕУ, според него, не се оди со политики на партизација, намалување на плати, за да се примат нови партиски војници во институциите кои треба да бидат сервис на граѓаните.

“Со СДС и ДУИ секој ден сме се подалеку од ЕУ. СДС и ДУИ ја уништија државата£.


ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, бара да запре лудилото на СДС и ДУИ и да не се намалуваат платите на вработените во ФЗОМ.
Извор: МИА