Breaking News

Актуелниот претседател на НСПВ СО Скопје при МЕСО го обвинува поранешниот за злоупотреби и најавува кривична пријава за него


– Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје (НСПВ СО Скопје) при МЕСО –  Мултиетничкиот синдикат на образование на Македонија го обвинува поранешниот претседател на синдикатот Александар Насковски дека не се бори за нивните права, туку само за личните интереси и најавува кривична пријава за него.


Како што велат, Насковски е разрешен од функцијата претседател на НСПВ СО Скопје при МЕСО уште на 5 мај 2023 година за што добил писмено известување од претседателот на МЕСО, а ја злоупотребува жиросметката на НСПВ СО Скопје при МЕСО за новата синдикална структура што ја отворил со потполно исто име.


но при МЕС – Мултиетничкиот синдикат Скопје, а не при МЕСО.

-Александар Насковски што ја подигна членарината од 100 на 300 денари јавно да каже и да им објасни на неговите поранешни членови што правеше со 120. 000 денари месечно и каде му одеа тие пари.


Јас како претседател на НСПВ СО Скопје при МЕСО ќе поднесам  кривична пријава да ги врати сите пари што ги подигнаа тој и неговите придружници.

Го замолувам да не го обвинува Министерството за одбрана бидејќи сите синдикати имаме добра соработка со Министерството и со министерката Славјанка Петровска, рече претседателот на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје при МЕСО, Зоран Павлоски на денешната прес-конференција во Градскиот парк во Скопје.


Доколку има некој проблем, додаде, има структури каде може да пријави и најави дека проблемот ќе го решаваат преку суд. -Вчера Насковски се  закани дека имал дадено кривични пријави против нас во суд.

Ги чекаме пријавите да стигнат за полесно да заврши процесот со кој Насковски го става во заблуда Министерството за одбрана, потенцира Павлоски.


Тој покажа документи со кои тврди дека Насковски по разрешувањето отворил нова синдикална структура со потполно ист назив како претходната, но во МЕС, наместо во МЕСО.

Во новата синдикална структура, како што кажа, прикажува дека е извршена промена на жиросметката на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје при МЕСО, а реалност е, потенцира, дека на тој начин сака членарината од синдикатот каде што претходно бил претседател да му легне на сметката на новата синдикална организација.

-Со тоа прави кривично дело. Моментално има четири печати  од синдикални структури и на сите се декларира дека е претседател.

Знаејќи дека е разрешен успеал да го стави во заблуда  Секторот за финансии во Министерството за одбрана  и на негова сметка легнале 300.

000 денари што треба да ги врати и за што ќе добие кривична пријава од НСПВ СО Скопје при МЕСО, рече Павлоски. Овој проблем, како што кажа, многу лесно може да се реши.

-Насковски само треба да достави до Секторот за финансии во Министерството за одбрана потврда која жиро сметка ја доставил до нив за да легнат средствата од членарина на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје при МЕСО и да достави тековна состојба од Централен регистар за да се види кој е овластено лице во Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје при МЕСО, појасни Павлоски.

вј/аа/Фото: МИА       .

Извор: МИА