Breaking News

Ангеловска-Бежоска: Преку реформи кај човечкиот капитал, инвестициите и институциите, до побрза конвергенција кон ЕУ


СООПШТЕНИЕ – Гувернерката Ангеловска Бежоска учествуваше на панел-дискусија на дваесет и второто издание на престижниот Mеѓународен економски самит Ворвик 2024, којшто се одржува на истоимениот универзитет во Обединетото Кралство.


На панел-дискусијата на тема „Навигација на монетарната политика: Гледишта од централните банки ширум светот“, покрај гувернерката, учествуваше и гувернерот на централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, гувернерот на централната банка на Маурициус, Харвеш Кумар Сеголам, поранешната гувернерка на централната банка на Малезија, Нор Шамсија Мод Јунус, како и поранешниот член на Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија и истакнат професор Чарлс Гудхарт, а со панел-дискусијата претседаваше шефот на Канцеларијата на „Фајненшел тајмс“ во Франкфурт, Мартин Арнолд.


Гувернерката се сретна и со студенти од Универзитетот Ворвик во рамките на настанот „Средби на студенти со лидери“. .

Извор: МИА