Breaking News

СВЕТ

„За Москва“ и „За Кремљ“ пишува на дроновите лансирани на Одеса

На руските беспилотни летала лансирани во текот на ноќта во Одеса биле испишани пораките „за Москва“ и „за Кремљ“, соопшти украинската војска, што претставува референца на наводниот обид за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин. Фотографиите објавени од јужната команда на Украина покажуваат пораки напишани на две опашки од беспилотни …

Повеќе »

Бројот на загинати во Херсон се искачи на 23

– Досега најмалку 23 лица загинаа во вчерашното руско гранатирање на јужниот украински град Херсон и околните села, изјави регионален воен командант. Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација во Херсон, на Телеграм соопшти дека уште 46 лица се повредени, меѓу кои и две деца. Руските сили го гранатираа Херсон …

Повеќе »

Лопез Обрадор побара САД да запрат со финансирање организации кои се непријателски настроени кон мексиканската Влада

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор испрати писмо до својот американски колега Џо Бајден во кое бара Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) да престане да ги финансира организациите кои се непријателски настроени кон мексиканската влада. Мексиканскиот претседател не прецизираше на кои опозициски организации мисли. „Американската влада, конкретно преку …

Повеќе »

Попко: Најжесток напад врз Киев годинава

Директорот градската воена управа на Киев, Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана издржала најинтензивниот руски напад врз главниот град. – Нашиот град нема доживеано таков интензитет на напади од почетокот на оваа година! Агресорот синоќа изврши уште еден голем воздушен напад врз главниот град, напиша на Телеграм, Попко. Тој …

Повеќе »

ИСВ: Русија веројатно сама го организирала нападот на Кремљ

Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) вели дека Москва би можела да го искористи нападот врз Кремљ, за кој вели дека Русија „веројатно“ сама го организирала, за да ги ограничи или откаже настаните за Денот на победата, на 9 мај. „Кремљ би можел да го искористи нападот за да …

Повеќе »

Зеленски во ненајавена посета на Холандија

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во ненајавена посета на Холандија каде ќе го посети Меѓународниот кривичен суд, јавија холандските медиуми. Зеленски синоќа пристигна на аеродромот Амстердам-Шипхол од Хелсинки, каде присуствуваше на самитот на нордиските земји. Претседателот на Украина денеска треба да го посети Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој …

Повеќе »

Уставниот совет на Франција не прифати распишување референдум за реформата на пензискиот систем

– Уставниот совет на Франција синоќа го отфрли последниот обид на опозицијата преку распишувае на референдум да се анулира владината реформа на пензискиот систем. Вторпат Уставниот совет ја одбива опозицијата да го задржи старото законско решение за старосната граница за пензионирање на 62, а не на 64 години. Дури и …

Повеќе »

Русија: Напад со дрон врз складиште за нафта во Ростовската област, нема жртви во пожарот што следел

Руските власти соопштија дека во текот на ноќта бил извршен напад со дрон врз складиште за нафта во Ростовската област. Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубјев изјави дека нема жртви во нападот со дрон врз фабриката за нафтени деривати во таа област и дека пожарот што следел по експлозијата бил …

Повеќе »

САД: Федералните резерви ги зголемија каматните стапки од пет на 5,25 отсто

– Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за четвртина процентен поен, од пет на 5,25 отсто, и навестија дека може да ги паузираат натамошните зголемувања. Притоа, тие им даваат време на функционерите да ги проценат последиците од неодамнешните банкроти на банките, да почекаат решавање на политичкиот ќорсокак околу …

Повеќе »

По ОН и САД ги суспендираа испораките на храна во регионот Тиграј во Етиопија поради злоупотреба на залихите

Соединетите Американски Држави соопштија дека го прекинуваат „до понатамошно известување“ испраќањето храна како хуманитарна помош во регионот Тиграј во северна Етиопија поради проневера на таа помош. Тиграј е опустошен од катастрофална суша и воени конфликти. „Донесовме тешка одлука да ја запреме сета помош во храна за регионот Тиграј до понатамошно …

Повеќе »