Breaking News

САД: Федералните резерви ги зголемија каматните стапки од пет на 5,25 отсто


– Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за четвртина процентен поен, од пет на 5,25 отсто, и навестија дека може да ги паузираат натамошните зголемувања.


Притоа, тие им даваат време на функционерите да ги проценат последиците од неодамнешните банкроти на банките, да почекаат решавање на политичкиот ќорсокак околу горната граница на американскиот долг и да го следат текот на инфлацијата.


Според познавачите, овој потег означува нова фаза во управувањето со економското закрепнување по пандемијата на Ковид-19.

Ова е десетто последователно зголемување на каматната стапка од март минатата година. јт/Фото: МИА Архива Извор: МИА.