Breaking News

Бројот на загинати во Херсон се искачи на 23


– Досега најмалку 23 лица загинаа во вчерашното руско гранатирање на јужниот украински град Херсон и околните села, изјави регионален воен командант.


Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација во Херсон, на Телеграм соопшти дека уште 46 лица се повредени, меѓу кои и две деца.


Руските сили го гранатираа Херсон 16 пати, вклучувајќи ја и станбената област.

Повеќе од 80 гранати погодија плоштадот „Привокзални“, железничка станица и премин, бензинска пумпа, две продавници, фабрика и автомеханичар, додаде тој.


јт/Фото: Фејсбук профил на Зеленски Извор: МИА.