Breaking News

СВЕТ

Шмигал: Украинската влада одвои уште 392 милиони долари за набавка на дронови за армијата

Украинската влада одвои уште 15,5 милијарди гривни (392 милиони долари) за купување дронови за армијата, соопшти денеска украинскиот премиер Денис Шмигал на каналот  Телеграм. „Ова е дополнителен ресурс на буџетот од 43,3 милијарди гривни (околу 1,1 милијардa долари ), што веќе беше доделен за набавка на беспилотни летала во текот …

Повеќе »

Лабиб: ЕУ не банкомат, туку Унија на вредности кои мора да ги почитуваат оние што сакаат да и се приклучат 

Европската Унија не банкомат или организација за трансакции на пари, туку пред се е Унија базирана на основните вредности, како што се демократијата и владеењето на правото, кои мора да бидат прифатени, заштитени и зацврстени во сите општества кои сакаат да се приклучат кон европското семејство, изјави денеска белгиската министерка …

Повеќе »

Откриени над 200 килограми канабис на грчкото пристаниште Игуменица

– Со помош на куче откривач на дрога, во камион што пристигнал од Италија на грчкото пристаниште Игуменица, крајбрежната служба на Грција открила речиси 210 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, кучето Влад ја открило дрогата спакувана во 193 најлонски …

Повеќе »

Франција ги претстави предлозите за намалување на тензиите меѓу Израел и Хезболах

Француските власти денеска им презентираа предлози на либанските власти со цел да се намалат тензиите меѓу Израел и проиранската милитантна група Хезболах, изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне, додавајќи дека официјален Париз се обидува да посредува меѓу конфликтните страни. „Имавме неколку предлози до либанската страна. Имаме околу 20. …

Повеќе »

Баша останува лидер на Демократската партија

– Основниот суд во Тирана одлучи дека лидер на албанската опозициска Демократска партија е Љуљзим Баша, кој на оваа функција е од 2013 година, откако се повлече Сали Бериша, по поразот на парламентарните избори. Со тоа, судот го отфрли барањето на Националниот совет на крилото на Бериша, кое сега го …

Повеќе »

АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ТТС

– Фармацевтската компанија АстраЗенека првпат во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид во ретки случаи може да предизвика несакани ефекти, вклучително и згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца. – Причината за синдромот е непозната. Синдромот на тромбоцитопенија (ТТС) може да се појави и без …

Повеќе »

Поднесено обвинение против поранешниот хрватски министер Баножиќ

Обвинителството во Винковци денеска поднесе обвинителен акт против поранешниот хрватски министер, Марио Баножиќ (45), неполни пет месеци по покренувањето на истрагата и речиси половина година од сообраќајната несреќа во која животот го загуби Горан Шариќ на 11 ноември минатата година. Според Јутарњи лист, обвинетиот Баножиќ бил во близина на Винковци, …

Повеќе »

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија. Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. …

Повеќе »

Нетанјаху најави напад врз Рафа со или без договор за прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека ќе го нападне Рафа, град во Појасот Газа, каде што побегнаа стотици илјади Палестинци. Нетанјаху рече дека Израел ќе влезе во Рафа за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор“. Израел и Хамас преговараат за договор за прекин на …

Повеќе »

Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со Макрон и со Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на неговата европска турнеја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи …

Повеќе »