Breaking News

Шмигал: Украинската влада одвои уште 392 милиони долари за набавка на дронови за армијата


Украинската влада одвои уште 15,5 милијарди гривни (392 милиони долари) за купување дронови за армијата, соопшти денеска украинскиот премиер Денис Шмигал на каналот  Телеграм.


„Ова е дополнителен ресурс на буџетот од 43,3 милијарди гривни (околу 1,1 милијардa долари ), што веќе беше доделен за набавка на беспилотни летала во текот на оваа година.


Средствата ќе и бидат доделени на Државната управа за посебни комуникации, која е надлежна за соодветните јавни набавки.

Со денеска доделените средства, нашите безбедносни и одбранбени сили ќе добијат 300. 000 беспилотни летала “, се наведува во објавата на украинскиот премиер. сд/фото:МИА архива .


Извор: МИА