СВЕТ

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија. Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. …

Повеќе »

Нетанјаху најави напад врз Рафа со или без договор за прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека ќе го нападне Рафа, град во Појасот Газа, каде што побегнаа стотици илјади Палестинци. Нетанјаху рече дека Израел ќе влезе во Рафа за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор“. Израел и Хамас преговараат за договор за прекин на …

Повеќе »

Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со Макрон и со Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на неговата европска турнеја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи …

Повеќе »

Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека се уште ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во земјата, но засега властите ја разгледуваат оваа одлука. „Засега размислуваме. Навистина сакам да изградам втора [нуклеарна] централа“, рече Лукашенко за време на работното патување во регионот Могилев, јавија белоруските медиуми. Лукашенко истакна дека …

Повеќе »

Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе

Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови лица, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до нацијата, цитирано од српската јавна телевизија РТС. Вучиќ изрази надеж дека владата ќе биде формирана во следните два дена и рече дека повеќе од 30 отсто од неа ќе бидат …

Повеќе »

Продолжија апсењата на студентските протести во САД

Продолжија протестите на студентите на универзитетите во САД, чии барања се прекин на соработката на Универзитетот со Израел и компаниите кои соработуваат со таа земја, и поради, како што тврдат демонстрантите, геноцидот врз палестинскиот народ во Газа, а почнаа и суспензиите на студентите кои одбија да си одат од кампусот. …

Повеќе »

Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите

– Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цакна ја обвини Русија за кршење на меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите во естонскиот воздушен простор. – Попречувањето на ЏПС во естонскиот воздушен простор од страна на Русија се одрази на цивилната авијација во нашиот регион. Русија со тоа ги прекршува …

Повеќе »

Ранжел: Мораме да создадеме услови проширувањето на ЕУ да се случи што е можно побрзо

Европската Унија треба да даде многу јасен политички сигнал дека е за нејзино проширување, оцени новиот португалски министер за надворешни работи Пауло Ранжел.  – Мораме да создадеме услови и во државите кои сакаат да станат членки на Европската Унија и во самата ЕУ, со цел проширувањето да може да се …

Повеќе »

Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по лекувањето од рак

– Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по позитивниот ефект од лекувањето од рак, пренесе ДПА. Кралот Чарлс од почетокот на февруари се лекува во дневна болница, а извори рекле дека и покрај добрите вести, кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува од болеста …

Повеќе »

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите: Дачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во Владата, Ѓуриќ нов шеф на дипломатијата

Претседателот на СНС и мандатар на новата српската Влада, Милош Вучевиќ по седницата на Претседателството на партијата ги презентираше кадровските решенија на новата Влада на Србија. Ивица Дачиќ пак ќе биде министер на полицијата, Вулин се враќа во Владата, нов шеф на дипломатијата е досегашниот српски амбасадор во САД Марко …

Повеќе »