Breaking News

СВЕТ

Почина и трет украински камионџија на блокадата на полската граница

Трет украински камионџија умира на блокадата на полската граница, организирана од полските камионџии, јави украинската јавна телевизија Суспилне. Цитирајќи официјален претставник на Украинската меѓународна асоцијација на транспортери, телевизијата објави дека на возачот му се слошило на преминот Кракивец-Коршова, што е една од четирите точки зафатени од протестите. Суспилне додава дека …

Повеќе »

Најмалку 13 загинати од силно невреме во крајбрежниот аргентински град Баија Бланка

Најмалку 13 лица загинаа во аргентинскиот град Баија Бланка, изјави градоначалникот на овој крајбрежен град, откако силна бура го погоди атлантскиот брег на оваа јужноамериканска земја. Федерико Сусбиелс, градоначалникот на Баија Бланка, ја потврди бројката на загинати во објава на социјалната мрежа Х. Градот се наоѓа во близина на јужниот …

Повеќе »

Најмалку 61 мигрант се удави во близина на либискиот брег

Најмалку 61 мигрант, меѓу кои и жени и деца, се удавија во бродолом крај Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ). ИОМ на платформата Х соопшти дека, според изјави на преживеаните, на бродот имало  86 лица и дека тој тргнал од либискиот град Звар, пренесуваат британските медиуми. Во последниве години, …

Повеќе »

Украина ноќеска соборила ракета „Искандер“ и 20 руски дрона, додека Русија уништила 33 украински

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека во текот на ноќта собориле крстосувачка ракета и 20 руски дрона, додека руското Министерство за одбрана ја информира јавноста дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле 33 беспилотни летала лансирани од Украина. „Во текот на ноќта Русија изврши воздушен напад врз Украина со помош …

Повеќе »

Младо лице уапсено во Канада за терористичка активност против Евреите

Канадската национална полиција соопшти дека еден млад човек е уапсен и обвинет за наводни терористички акти против Евреите, објавија денеска канадските медиуми. Кралската полиција вчера соопшти дека едно младо лице било уапсено во петокот и обвинето за помагање во терористички активности со пренесување на инструкции во врска со експлозивна супстанца, …

Повеќе »

Трамп на собир во Њу Хемпшир: Имигрантите ја трујат крвта на Америка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и еден од претендентите на републиканците за учество во новата претседателска трка, следната година во ноември, на собир во Њу Хемпшир излезе со скандалозно тврдење со кое ги обвини имигрантите за, како што кажа, „труење на крвта на Америка“. „Гардијан„ наведува дека ваквата изјава на …

Повеќе »

Во Србија денеска се организираат републички, покраински и избори во Белград и 64 други градови и општини

 – Во Србија денеска се одржуваат парламентарни избори и избори за пратеници во Собранието на Војводина, како и локални избори во 65 општини и градови, вклучувајќи го и Белград. Ова се 14-ти парламентарни избори во Србија од воведувањето на повеќепартискиот систем, а дури деветти вонредни. Правото на глас можат да …

Повеќе »

Фламанската десничарска Н-ВА сака „да ја ослободи“ Валонија од социјалистите  

– Лидерот на десничарската националистичка Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер најави дека на федералните парламентарни избори во Белгија следната година, неговата партија планира да настапи со своја листа и во франкофонскиот регион Валонија.  Де Вевер нагласи дека амбицијата на фламанската Н-ВА не е да оствари значаен резултат во …

Повеќе »

Холандија пред можна десничарска владина коалиција

Во Холандија е можно формирање на владина коалиција на партиите десно од центарот, што би ги вклучувала екстремно десничарската Партија за слобода (ПВВ), конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), конзервативниот Нов социјален договор (НСЦ) и десното популистичко Движење Земјоделци-граѓани (БББ), изјави Роналд Пластерик, кој беше овластен од претседателката …

Повеќе »

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за буџетот за 2024 година

– Со гласање од пратениците, во грчкиот Парламент вечерва завршува петдневната расправа за државниот буџет за 2024, што меѓу другото предвидува мерки за поддршка на граѓаните, раст на економијата од 2,9 отсто, намалување на инфлацијата на 2,6 проценти и намалување на невработеноста на 10,6 проценти, јави дописничката на МИА од …

Повеќе »