Breaking News

Украина ноќеска соборила ракета „Искандер“ и 20 руски дрона, додека Русија уништила 33 украински


Воздухопловните сили на Украина соопштија дека во текот на ноќта собориле крстосувачка ракета и 20 руски дрона, додека руското Министерство за одбрана ја информира јавноста дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле 33 беспилотни летала лансирани од Украина.


„Во текот на ноќта Русија изврши воздушен напад врз Украина со помош на балистичка ракета „Искандер“, крстаречка ракета и нападни беспилотни летала“, соопшти утринава  украинското воено воздухопловство.


Украинските системи за противвоздушна одбрана уништија крстаречка ракета и 20 нападни беспилотни летала, објави военото воздухопловство на Телеграм.

Ракетата „Искандер“ „не ја достигна целта“, се наведува во соопштението, без да се наведат детали. Ова тврдење меѓутоа не може да се провери од независен извор, пренесуваат британските медиуми.


Засега не е познато колку дронови лансирала Русија во текот на ноќта, ниту дали нападот предизвикал штета или жртви.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле 33 беспилотни летала лансирани од Украина над неколку руски региони.


Беспилотните летала биле пресретнати или уништени пред да стигнат до нивните цели во регионите Липецк, Ростов и Волгоград, соопшти Министерството за одбрана на Телеграм, без да дава дополнителни детали.

сд/фото:ЕПА .


Извор: МИА