Breaking News

СВЕТ

Обвинети за тероризам четворица косовски Срби поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица

– Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение против четири лица, осомничени дека во декември минатата година, во текот на локалните избори во Косово, фрлиле рачни гранати и шок-бомби врз канцеларијата на општинската изборна комисија во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Обвинетите, косовски Срби, идентификувани во соопштението …

Повеќе »

Зеленски во Осло се сретна со лидерите на нордиските земји: Ќе стоиме крај Украина колку што ќе треба

– Лидерите на петте нордиски земји денеска му порачаа на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на заедничкиот разговор во Осло, дека ќе продолжат да ја поддржуваат неговата земја „се додека е потребно“ во нејзината борба против руските сили. Зеленски дојде во ненајавена посета на норвешката престолнина по вчерашните средби со американските …

Повеќе »

Шолц: За проширувањето на ЕУ да се одлучува со квалификувано мнозинство

– По повод најновото унгарското противење на членството на Украина во ЕУ германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е неопходно со квалификувано мнозинство да донесуваат повеќе одлуки во Европската унија, особено кога станува збор за проширувањето.  -Јас сум за тоа повеќето одлуки да се носат со квалификувано мнозинство, вклучително …

Повеќе »

Зеленски: Унгарија нема причина да го блокира членството на Украина во ЕУ

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан нема причина да го блокира членството на Украина во Европската унија. Мнозинството од 27-те членки на Европската унија сакаат да отворат разговори за пристапување на Украина на самитот оваа недела и да постигнат договор за испраќање милијарди евра …

Повеќе »

Косовската влада им додели дополнителни 40 милиони евра на Безбедносните сили на Косово

– Владата на Косово им додели дополнителни 40 милиони евра на Безбедносните сили на Косово (ФСК), со што годинешниот буџет за одбраната на земјата достигна до 200 милиони, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната седница на Владата, министерот за финансии, Хекуран Мурати информира дека овие средства за ФСК …

Повеќе »

Турција предлага делумна ревизија на системот „ол инклузив“

Претставници на турската туристичка индустрија предлагаат да се преразгледа системот „ол инклузив“ (all inclusive) во некои хотели. Во вакви случаи се предвидува туристите да можат да бираат за која храна и пијалоци ќе платат, пишува турскиот весник „Туризам газетеси“. Генерално, на многу места ќе остане системот „ол инклузив“. Шефот на …

Повеќе »

Бериша за масовен протест утре пред албанското Собрание, најблиските соработници против

Со оглед на тоа што на утрешната пленарната седница на дневен ред се измените на Деловникот на Собранието со кои се предвидува изрекување построги мерки против пратеници кои предизвикуваат нереди, поранешниот албански премиер Сали Бериша на затворена седница на пратеничката група побарал „тој ден да биде врв на протестот на …

Повеќе »

Неповолните временски услови во Појасот Газа дополнително го отежнуваат животот на палестинските бегалци

Додека Израел продолжува да ја бомбардира Газа, Палестинците, кои мораа да ги напуштат своите домови, се борат да преживеат во бегалските кампови каде нивните животи уште повеќе се отежнати од неповолните временски услови, пишува Анадолија. Палестинските бегалци кои живеат во шаторите поставени во близина на болницата Ал Акса во градот …

Повеќе »

Родители од Љубљана го пријавиле своето дете во полиција бидејќи купил пиротехника

Родители од словенечката престолнина Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тој ги купил без нивно знаење, по што повикале полиција, јави словенечка Н1. „Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди“, ги пофали полицијата во Љубљана, додавајќи дека станува збор за речиси …

Повеќе »

Српскиот министер за економија тврди дека државата привлекла 30 милијарди евра инвестиции од 2012 година досега

Србија од 2012 година до крајот на минатата година привлекла повеќе од 30 милијарди евра странски директни инвестиции, што е повеќе од вкупниот прилив во земјите од Западен Балкан, твди министерот за економија на Србија, Слободан Цветковиќ. -Вкупните странски директни инвестиции во Србија минатата година изнесуваа 4,4 милијарди евра, а …

Повеќе »