Breaking News

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за буџетот за 2024 година


– Со гласање од пратениците, во грчкиот Парламент вечерва завршува петдневната расправа за државниот буџет за 2024, што меѓу другото предвидува мерки за поддршка на граѓаните, раст на економијата од 2,9 отсто, намалување на инфлацијата на 2,6 проценти и намалување на невработеноста на 10,6 проценти, јави дописничката на МИА од Атина.


 Буџетот се очекува да го добие потребното мнозинство од минимум 151 пратеник од вкупно 300 во Парламентот, со оглед на тоа што владејачката Нова демократија има 158 пратенички места.


 На гласањето ќе му претходат говори на лидерите на партиите и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

 Изгласувањето на буџетот, традиционално, секоја година се смета како глас за доверба на актуелната Влада.


 Буџетот доби зелено светло од надлежната комисија, а во средата започна петдневната расправа на пленарна седница во Парламентот. ср/сд/ .

Извор: МИА