Breaking News

СВЕТ

Во ЕУ годишно над 3900 лица заболуваат од „професионални карциноми“ 

Во периодот од 2013 од 2021 година во ЕУ се официјално регистрирани вкупно 33. 712 случаи на „професионални карциноми“ или во просек 3909 случаи годишно, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, под терминот „професионален карцином“ се подразбира заболување од рак …

Повеќе »

Снежни врнежи на југот од Kина, рекордно ниски температури на северот

Студениот бран што ја зафати Кина донесе ретки снежни врнежи денеска во јужната провинција Гуангдонг, додека температурата на северот на Кина падна на најниско ниво од почетокот на евиденцијата за месец декември. Температурите паднаа до под нула степени Целзиусови на северот од земјата оваа недела, што го наруши патниот, железничкиот …

Повеќе »

Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици

Во Брисел денеска почнува судскиот процес против 124 обвинети за нелегален увоз и шверц на дрога, јавија локалните медиуми. Изрекувањето на пресудата се очекува кон средината на следната година. Истрагата беше покрената откако полициските служби во Белгија, Холандија и Франција соработуваа за да упаднат во шифрирана телефонска мрежа. Во овој …

Повеќе »

Најмалку осум загинати во пожар по експлозија на нафтен терминал во Гвинеја

Најмалку осум лица загинаа, а 84 се повредени изутринава во пожар по експлозија на нафтен терминал во главниот град на Гвинеја, Конакри, изјави висок полициски претставник. Според него, пожарот е под контрола, но бројот на жртви може да се зголеми. Експлозијата на единствениот нафтен терминал на западноафриканската држава го потресе …

Повеќе »

Автомобил удри во паркирано возило од конвојот на американскиот претседател, нема повредени

Автомобил синоќа налета на паркирано теренско возило од конвојот на американскиот претседател Џо Бајден додека тој излегуваше од седиштето на изборната кампања во државата Делавер. Американскиот претседател и првата дама Џил Бајден не се повредени. Додека Бајден се движеше до оклопното теренско возило што го чекаше пред седиштето, автомобил удри …

Повеќе »

Припадници на Крајбрежната служа на Грција препродавале запленета дрога

– Најмалку десет лица се уапсени за трговија со дрога во Грција, меѓу нив и двајца припадници на Крајбрежната служба, а се товарат дека препродавале запленет кокаин, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот „Катимерини“ пишува дека едниот уапсен е управител за безбедност на Централното пристаниште во …

Повеќе »

Дачиќ: Не сум задоволен од резултатите на изборите, мислам дека СПС треба да најде нов лидер

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ синоќа изјави дека не е задоволен од резултатите од изборите и дека е подготвен да ја напушти функцијата доколку се утврди дека на социјалистите им треба нов лидер. -Презедов партија која имаше пет проценти, имавме различни резултати во изминатите 17 години откако …

Повеќе »

Кина изрази поддршка за Северна Кореја

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и севернокорејски официјален претставник изразија целосна поддршка и доверба во врските меѓу нивните земји. Ова се случи на состанокот во Пекинг, кој се одржа додека другите земји ги осудија последователните ракетни тестови на Пјонгјанг. „Во услови на комплицирана меѓународна ситуација, Кина и Северна …

Повеќе »

Чилеанците го отфрлија текстот на уставот што требаше да го замени оној од времето на Пиноче

Чилеанците вчера го отфрлија новиот конзервативен текст на уставот кој требаше да го замени оној од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче. По пребројувањето на 99,65 отсто од гласовите, вкупно 55,76 отсто од Чилеанците го отфрлија новиот текст, додека за него гласаа 44,24 отсто. Тоа е втор нацрт-устав што чилеанските …

Повеќе »

Во СБ на ОН се подготвува нова резолуција за итен прекин на огнот во Појасот Газа

Во нацртот на новата резолуција за конфликтот меѓу Израел и Хамас, за која денеска треба да се гласа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), се повикува на „ итен и одржлив прекин на непријателствата што би овозможил безбеден и непречен хуманитарен пристап до Појасот Газа и …

Повеќе »