Breaking News

СВЕТ

Протести во Тел Авив откако армијата призна дека по грешка убила тројца заложници

Стотици граѓани протестираа пред Министерството за одбрана во Тел Авив, откако израелската армија призна дека по грешка убила тројца заложници во Појасот Газа, кои ги држела палестинската милитантна група Хамас. Демонстрантите носеа транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека се уште се заложници на Хамас …

Повеќе »

Граѓаните на Србија утре бираат нова власт

  Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент. Покрај парламентарните, граѓаните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград, јави Бета. Републичката изборна комисија синоќа …

Повеќе »

Канадските печатени изданија ќе добијат две третини од парите што ги вети Гугл за медиумите во државата

Канадските печатени медиуми ќе добијат речиси две третини од финансискиот надомест што неодамна им го вети мултинационалната компанија Гугл на медиумите во замена за дистрибуција на нивната содржина, објави федералната влада . Кон крајот на ноември, по неколкумесечни преговори, Отава и калифорнискиот гигант објавија „историски“ договор според кој Гугл ќе …

Повеќе »

Рекордно ниво на бездомници во САД – 12 отсто повеќе за само една година

Бездомништвото во САД достигна рекордно високо ниво – зголемено е за драматични 12 отсто, поради значителното зголемување на наемнините и намалувањето на помошта дадена за време на епидемијата на коронавирусот, соопштије федералните власти. Тие два фактора заедно го направија домувањето помалку прифатливо, велат властите. Околу 653. 000 луѓе се регистрирани …

Повеќе »

Србија/Избори: Конечниот број на гласачи е 6.500.666, рекорден број домашни и странски набљудувачи

Републичката изборна комисија на синоќешната седница во Белград донесе одлука за утврдување на конечниот број избирачи во Република Србија за изборите за пратеници закажани за 17 декември, и тој број е 6. 500. 666. . Извор: МИА

Повеќе »

МВР на Украина го стави на потерница рускиот патријарх Кирил

Украинското Министерство за внатрешни работи го стави на потерница Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил и соопшти дека тој „се крие од предкривичната истрага“. Патријархот Кирил е на потерница на Службата за безбедност на Украина од 11 ноември, а меѓу денешните ажурирани податоци од базата на украинското МВР, …

Повеќе »

Најмалку 515 повредени при судир на вагони во метрото во Пекинг (ДПЛ)

Најмалку 515 лица се повредени при судирот на два воза во метрото во Пекинг, од кои 102 патници имаат скршени коски, објавија денеска кинеските државни медиуми, повикувајќи се на официјални извори. Надлежните денеска соопштија дека 25 патници се уште се под надзор, а 67 се хоспитализирани. Несреќата се случила синоќа, …

Повеќе »

Навални однесен во затвор на непозната локација

– Најжестокиот противник на официјален Кремљ, еден од најпознатите руски опозиционери, Алексеј Навални, е однесен во затвор на непозната локација, објавија денеска неговите приврзаници, додавајќи дека тоа може да значи дека е префрлен во затвор со уште потешки услови. Портпаролката на Навални, Кира Јармик, изјави дека судот го информирал адвокатот …

Повеќе »

Фон дер Лајен по средбата со Туск: Полска ни е потребна на бродот на ЕУ 

Загриженоста за владеењето на правото во Полска досега го ограничуваше капацитетот на ЕУ да и помогнеме на земјата да ја модернизира својата економија и да ги спроведе зелената и дигиталната транзиција и затоа сега треба да го надоместиме изгубеното време, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен …

Повеќе »

Обновен мобилниот интернет во Киев и во западниот дел на Украина

Неколку дена по големиот кибер напад врз Украина, најголемиот мобилен оператор во земјата, Киевстар, во голема мера ги врати своите услуги, јави ДПА. Како што наведува, мобилните интернет услуги на операторот денеска повторно беа достапни во главниот град Киев. Претходно компанијата објави дека го вратила мобилниот интернет во Западна Украина. …

Повеќе »