Breaking News

СВЕТ

Израел изведе напади на југот на Сирија

Израелските сили рано утрово ја нападнаа позицијата на сириската армија на југот на Сирија, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. „Израелските напади беа насочени кон радарите на сириската армија меѓу провинциите Суеида и Дера“, рече директорот наОпсерваторијата, Рами Абдел Рахман. Тој додаде дека нападите биле изведени …

Повеќе »

Иран: Повторно воспоставен авиосообраќајот во земјата

Летовите во Иран, кои утринава беа суспендирани над неколку градови и провинции, се повторно воспоставени, јавува иранската новинска агенција ИРНА. Специјализираниот портал Flight Radar 24, пак, наведува дека аеродромите во Техеран, Шираз и Исфахан се сè уште затворени, додека воздушниот сообраќај е воспоставен на западот на земјата. Авиокомпаниите од Обединетите …

Повеќе »

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година доколку не биде веднаш одобрена помошта за оваа земја, пишува „Политико“. Говорејќи на настан во Претседателскиот центар Џорџ В. Буш, Бернс ги повика пратениците …

Повеќе »

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон. . Извор: МИА

Повеќе »

Вашингтон Пост: Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“. \Нуклеарната организација на ОН (МААЕ) потврди дека иранските нуклеарни локации се неповредени, по извештаите за напад во ирански Исфахан. МААЕ, исто така, го повтори …

Повеќе »

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии од безбедносни причини

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“. „Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи. Владата на …

Повеќе »

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран. „По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од …

Повеќе »

Директорот на ФБИ тврди дека кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД

Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“. Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични …

Повеќе »

„Политика“: Годишнина од потпишувањето на Бриселскиот договор – 11 години без ЗСО

Денеска се навршуваат 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, но Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), на чие формирање се однесуваат првите шест точки и е столбот на овој документ, сè уште не е формирана, пишува српскиот весник „Политика“. За текстот на договорот, кој формално се нарекува „Прв …

Повеќе »

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

Во Индија денеска почнаа парламентарните избори, каде право на глас имаат 968 милиони Индијци, што е повеќе од вкупното население на САД, Европската Унија и Русија заедно. Изборите за 543 членови на Долниот дом на парламентот ќе се одржат во седум фази до 1 јуни на повеќе од еден милион …

Повеќе »