Breaking News

Иран: Повторно воспоставен авиосообраќајот во земјата


Летовите во Иран, кои утринава беа суспендирани над неколку градови и провинции, се повторно воспоставени, јавува иранската новинска агенција ИРНА.


Специјализираниот портал Flight Radar 24, пак, наведува дека аеродромите во Техеран, Шираз и Исфахан се сè уште затворени, додека воздушниот сообраќај е воспоставен на западот на земјата.


Авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги суспендираа летовите за Иран до понатамошно известување. ссм/фото: принтскрин .

Извор: МИА