Breaking News

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни


Во Индија денеска почнаа парламентарните избори, каде право на глас имаат 968 милиони Индијци, што е повеќе од вкупното население на САД, Европската Унија и Русија заедно.


Изборите за 543 членови на Долниот дом на парламентот ќе се одржат во седум фази до 1 јуни на повеќе од еден милион избирачки места низ земјата.


Гласачките ливчиња ќе се пребројуваат на 4 јуни, а резултатите ќе бидат објавени истиот ден. Победата на премиерот Нарендра Моди на изборите изгледа речиси сигурна.

Седумдесет и тригодишниот Моди е сè уште многу популарен по два мандати на власт, за време на кои Индија ја зголеми дипломатската моќ и економската положба.


Анкетата спроведена во 2023 година покажа дека Моди е прифатлив кандидат за речиси 80 отсто од Индијците.

На изборите во 2014 и 2019 година, тој веќе и донесе две убедливи победи на хинду националистичката партија Бхаратија Џаната. ссм/фото: ЕПА .


Извор: МИА