Breaking News

СВЕТ

Парламентарните избори во Индија ќе се одржат во седум фази од 19 април до 1 јуни

Парламентарните избори во Индија ќе се одржат од 19 април до 1 јуни и на нив ќе можат да гласаат 968 милиони луѓе, пренесуваат британските медиуми. Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот. На претходните избори, Индиската народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди освои 303 пратенички …

Повеќе »

На специјалната платформа за справување со врсничко насилство во Грција, за помалку од една седмица поднесена 41 пријава

Веќе имаме регистрирана 41 пријава за училишно и врсничко насилство на платформата која минатиот вторник започна да функционира. Од пријавите осум се од ученици, а 33 од родители, откри министерот за образование на Грција Киријакос Пјеракакис, во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. Минатата седмица, …

Повеќе »

Нов напад во Сиднеј: Свештеник избоден со нож во текот на служба, повредени најмалку четири лица

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во западниот дел на Сиднеј. Нападот се случил во црквата „Христос Добриот Пастир“ во Вејкли, додека свештеник водел богослужба, која била емитувана на интернет. На местото на настанот излегле неколку екипи на полицијата и итната помош. Меѓу повредените има …

Повеќе »

Пашинјан: Ереван е подготвен да потпише мировен договор со Баку

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека е подготвен да склучи мировен договор со Азербејџан врз основа на одредбите од Декларацијата од Алмати од 1991 година. Пашинјан, кој е во официјална посета на Астана, разговараше со претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев за безбедносната состојба и стабилноста на Јужен Кавказ. „Ерменија …

Повеќе »

Владеењето на правото во фокусот на средбата Мицотакис – Јурова

– Владеењето на правото во Грција, изборниот процес на европските избори, ситуацијата во медиумите, но и шпионските софтвери, беа темите за кои разговараа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова, јави дописничката на МИА од Атина. На почетокот на средбата грчкиот премиер рече дека посетата е …

Повеќе »

Во Шведска почнува судењето на поранешен сириски генерал поради неговата наводна улога во воени злосторства

Судењето на поранешниот генерал на сириската армија Мохамед Хам поради неговата наводна улога во воените злосторства за време на граѓанската војна во земјата, почнува денеска во судот во Стокхолм. Генералот Хамо, кој сега живее во Стокхолм, е обвинет дека помагал и овозможувал кривични дела со кршење на меѓународното право, што …

Повеќе »

Лапид: Владата на Нетанјаху е егзистенцијална закана за Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада „станаа егзистенцијална закана за Израел“, изјави денеска лидерот на опозицијата Јаир Лапид, обвинувајќи ги за уништувањето на политиката на одвраќање на Израел. Зборувајќи со новинарите пред состанокот на фракција на неговата партија „Јеш Атид“ во Кнесетот, Лапид истакна дека и пријателите и непријателите …

Повеќе »

Стано: ЕУ нема двојни стандарди кон Израел и Иран и повикува на воздржаност и деескалација 

– ЕУ нема двојни стандарди кон Техеран и Тел Авив и ги повикува и двете страни на воздржаност и спречување на понатамошна ескалација на состојбата, изјави денеска портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано, посочувајќи дека Унијата ги осуди и последните ирански напади со дронови и …

Повеќе »

Премиерот на Сингапур се повлекува на 15 мај кога власта ќе му ја предаде на својот заменик

Сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг денеска соопшти дека на 15 мај се повлекува од функцијата, како што претходно имаше и најавено, и дека власта ќе му ја предаде на неговиот заменик и актуелен министер за финансии Лоренс Вонг, соопшти владината канцеларија. Во соопштението се додава дека Вонг, кој има едногласна …

Повеќе »

Албанија, шеста по број на смртни случаи од сообраќајни несреќи во Европа

Според Институтот за статстика, ИНСТАТ, во 2022 година во сообраќајни несреќи во Албанија животот го загубиле 164 лица или 59 лица на милион жители.  Оваа бројка е повисока од просекот на Европската унија од 46 жртви на милион жители, покажуваат податоците објавени од Евростат. -Албанија е на шестото место, права …

Повеќе »