Breaking News

СВЕТ

Кличко: Смртта на Навални била планирана да настапи пред конференцијата во Минхен

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави за ДПА дека времето на смртта на рускиот дисидент Алексеј Навални – само три часа пред закажаниот почеток на Минхенската безбедносна конференција на која присуствуваа главните западни лидери – не е случајност. „Не мислам дека тоа е случајност“, рече Кличко, кој е поранешен политичар. …

Повеќе »

Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на Владата на Кина по смртта на Навални

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на кинеската Влада по смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, јави ДПА. „Денеска имаше изјава на кинескиот министер за надворешни работи дека смртта на Навални е „внатрешно руско прашање“. Е тоа не е внатрешно руско прашање, бидејќи сите знаеме …

Повеќе »

Десетици палестински борци се убиени во Газа во изминатите 24 часа, соопшти израелската армија

Израелската армија денеска соопшти дека убила десетици палестински борци и запленила значителен број оружја за време на борбите низ Појасот Газа во изминатите 24 часа. Израел ја концентрираше својата воена кампања во јужниот град во енклавата Кан Јунис, каде, според информациите на одбранбените сили, на пешадијата во борбите им приклучиле …

Повеќе »

Минхенската безбедносна конференција завршува со дискусии за војната во Газа

На последниот ден од 60. Минхенска безбедносна конференција денеска централно место зазема војната во Појасот Газа, јави ДПА. Палестинскиот премиер Мохамед Штаје утринава ќе учествува на панел дискусија за иднината на израелско-палестинските односи заедно со поранешната израелска министерка за надворешни работи Ципи Ливни и јорданскиот министер за надворешни работи Ајман …

Повеќе »

Зеленски и Павел разговараа за заедничко производство на оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот чешки колега Петар Павел разговараа во германскиот град Минхен за зајакнување на билатералната соработка во областа на воената индустрија, вклучително и заедничкото производство на оружје, објави Укринформ. „Многу специфична и информативна средба со претседателот на Чешката Република, Петар Павел. Разговаравме за воена помош за …

Повеќе »

Гранди повика да се обнови финансирањето на УНРВА

Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди повика на одмрзнување на средствата обезбедени од голем број земји и големи финансиски партнери за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), јави ДПА. Новинската агенција потсетува дека Израел обвини 12 вработени во УНРВА за вмешаност во терористички …

Повеќе »

Поранешниот тајландски премиер Шинаватра излезе на слобода

Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра денеска беше ослободен, јавија светските агенции, повикувајќи се на неговиот адвокат. Пред 15 години тој ја напушти земјата откако беше соборен со воен удар. Минатата година поранешниот сопственик на англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити се врати во земјата по самонаметнатиот егзил, за да отслужи казна …

Повеќе »

Путин и честиташе на руската армија за заземањето на Авдијивка

Рускиот претседател Владимир Путин и честиташе на руската армија за заземањето на Авдијивка, велејќи дека станува збор за важна победа, соопшти синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Во Кремљ Владимир Путин го слушаше извештајот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за заземањето на Авдијивка. Претседателот и честиташе на нашата армија …

Повеќе »

Бела куќа: Украинското повлекување од Авдијивка е доказ за неактивноста на Конгресот

Повлекувањето на украинската армија од градот Авдијивка, на истокот на земјата, е „доказ за неактивноста“ на американскиот Конгрес кој ја блокира дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина, оцени синоќа Белата куќа. Портпаролката на Советот за национална безбедност Адријен Вотсон го повика Конгресот да ја одобри помошта „без …

Повеќе »

Во Хаг се судриле две групи мигранти од Еритреја, полицијата употребила солзавец

Во холандскиот град Хаг синоќа се судрија две групи мигранти од Еритреја, при што беа запалени неколку автомобили, а ограбени се и некои продавници, јавија локалните медиуми, додавајќи дека полицијата употребила солзавец за да ги растера. Според холандски „Телеграф“ се судриле приврзаниците и противниците на актуелните власти во Еритреја. Откако …

Повеќе »