Breaking News

СВЕТ

Почина намибискиот претседател Хаге Гејнгоб

Претседателот на Намибија, Хаге Гејнгоб, почина во болницата во Виндхук во раните утрински часови, објави неговиот заменик, јави ДПА. -Намибиската нација загуби истакнат слуга на народот, икона за ослободителна борба, главен архитект на нашиот устав и столб на намибиската куќа, рече вршителот на должноста претседател Нанголо Мбумба во изјавата на …

Повеќе »

Над 50 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Во шумските пожари кои беснеат во централниот дел на Чиле досега загинаа најмалку 51 лице, а бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, предупредија властите, пренесе БТА. Службите за итни случаи се обидуваат да се справат со пожарите што им се закануваат на урбаните области. Црн чад се издига од …

Повеќе »

Висок функционер на Хамас во Либан: Прерано е за примирје со Израел

Висок функционер на палестинското движење Хамас во Либан синоќа изјави дека неговото движење е отворено за какви било разговори за да се стави крај на „израелската агресија во Газа“, но рече дека е „прерано во моментов се зборува за постигнување договор за примирје“. Нацрт-договорот за примирје меѓу Израел и Хамас, …

Повеќе »

Во нападите во Лисичанск загинаа 28 лица

Бројот на жртвите од украинските напади во кои беше погодена пекара во Лисичанск се зголеми на 28, а меѓу нив е и едно дете, соопшти администрацијата на првиот човек на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Леонид Пашечник. Руското Министерство за вонредни состојби претходно соопшти дека нивните службеници извлекле тела на …

Повеќе »

Блинкен ја започнува посетата на Блискиот Исток по петти пат од почетокот на конфликтот во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе ја започне посетата на Саудиска Арабија, Египет, Катар, Израел и на Западниот Брег, која ќе трае до 8 февруари, соопшти Стејт департментот. Во соопштението се истакнува дека ова е петта посета на американскиот министер за надворешни работи на регионот откако палестинската милитантна група …

Повеќе »

САД и Велика Британија погодија најмалку 30 цели во Јемен

САД и Велика Британија синоќа погодиле најмалку 30 цели на најмалку 10 локации во Јемен, во вториот ден од големите операции на САД против групите поврзани со Иран по смртоносниот напад врз американските војници минатиот викенд. Нападите ги погодија затрупаните складишта за оружје на Хутите, ракетните системи и лансери што …

Повеќе »

Синдикатот на европските пилоти против идејата за „летови со помал екипаж“ 

Европската пилотска асоцијација се изјасни против идејата на „Ербас“ за автоматизирани авиони со само еден пилот при лет, оценувајќи дека авиоиндустријата става „фокус на комерцијалните интереси пред безбедноста“.  Според првиот човек на европскиот пилотски синдикат, Отјан де Брајн, новата технологија со зголемена автоматизација на авионите на која инсистира авиоиндустријата, само …

Повеќе »

Советот за безбедност на ОН ќе се состане в понеделник за американските напади на Блискиот Исток

Советот за безбедност на ОН в понеделник ќе одржи итен состанок за американските напади во Ирак и Сирија, што ги почна како одмазда за смртта на тројца американски војници, изјавија дипломатски извори за француски медиуми. Состанокот, што го побара постојаната членка Русија, ќе се одржи в понеделник во 16:00 часот …

Повеќе »

Безбедносната служба на Украина со дронови удрила во руска нафтена рафинерија во Волгоград

Два украински дронови денеска погодија постројка за примарна преработка на нафта во нафтена рафинерија во градот Волгоград на југот на Русија, како дел од операцијата на Службата за безбедност на Украина (СБУ), објави Ројтерс, повикувајќи се на украински извор, пренесе БТА. Руските локални власти претходно денеска известија дека избувнал пожар …

Повеќе »

Масовен и мирен протест на земјоделците во Солун

– Илјадници земјоделци од северна, централна и западна Грција денеска одржаа мирен и масовен протест во Солун пред објектот каде што се одржува саемот за земјоделство „Агротика“ и упатија порака дека нема да отстапат од нивните барања, јави дописничката на МИА од Атина. Во Солун пристигнаа со автобуси од повеќе …

Повеќе »