Breaking News

СВЕТ

Велика Британија: Визните правила за Украинците ќе бидат продолжени за 18 месеци

Украинците кои дојдоа во Велика Британија по руската инвазија на Украина ќе можат да поднесат барање за продолжување на визата за дополнителни 18 месеци, соопшти денеска британската Влада. Од избувнувањето на конфликтот во Украина, околу 200. 000 Украинци и членовите на нивните семејства дојдоа во Велика Британија, јави Би-Би-Си. Како …

Повеќе »

Нетанјаху ги отфрли повиците на демонстрантите за предвремени избори

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли повиците на демонстрантите собрани вчера во Тел Авив, да се одржат предвремени избори во таа земја. „Последното нешто што ни треба сега се избори бидејќи тие веднаш ќе не поделат. Ни треба единство“, рече Нетанјаху. Демонстрации вчера беа одржани и во Ерусалим каде неколку …

Повеќе »

Бајден разговараше со Зеленски и ја истакна посветеноста на САД на поддршката на Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ја нагласи посветеноста на САД на поддршката на Киев, во пресрет на втората годишнина од почетокот на руската инвазија, соопшти Белата куќа. „Украинската војска беше принудена да се повлече од Авдијевка, откако украинските војници мораа да …

Повеќе »

Европските либерали меѓу идеологијата и борбата за задржување на позицијата 

– Групата на либералните и центристички партии со децении беше трета политичка сила во Европскиот парламент, но според најновите анкети на јавното мислење по европските избори во јуни таа не само што ќе го загуби третото место од екстремно десничарската Идентитет и демократија (ИД), туку е можно да биде помалобројна …

Повеќе »

Шолц: Европа треба да ја зајакне својата способност за самоодбрана

Европа треба да ја зајакне својата способност за самоодбрана за да ги одврати потенцијалните агресори, без оглед кој ќе победи на претстојните избори во САД и како ќе се развива војната во Украина, рече денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во обраќањето на меѓународната безбедносна конференција во Минхен. „Ние Европејците треба …

Повеќе »

Честитки на Косовскиот државен врв за Денот на независноста, благодарност до меѓународните сојузници

– Косово денеска ја одбележува 16-тата годишнина од прогласувањето на независноста на државата и по тој повод Владата се собра на празнична седница, додека републичкото Собрание ќе одржи свечена седница, јави дописникот на МИА од Приштина. Пред свечените седници на Владата и Собранието, државните челници, претседателката Вјоса Османи, претседателот на …

Повеќе »

Поранешниот тајландски премиер Шинаватра утре излегува на слобода

Затворениот поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра ќе биде ослободен на 18 февруари, изјави денеска премиерот Сретта Тависин. Таксин Шинаватра е во болнички притвор од август, по драматичното враќање од странство по 15 години во самонаметнат егзил за да избегне затвор поради судир на интереси. Кралот осумгодишна затворска казна ја преиначи …

Повеќе »

Хути: Британски танкер директно погоден со проектил во Црвеното Море

Јеменските бунтовници Хути истрелаа проектили на британскиот танкер „Полукс“ во Црвеното Море, а портпаролот на таа милитантна група Јахја Сареа тврди дека бродот бил директно погоден. Американскиот Стејт департмент соопшти дека „Полукс“ бил погоден од левата страна со проектил истрелан од Јемен. Бродот бил идентификуван како товарен брод под панамско …

Повеќе »

Лајчак: Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е клучна за напредокот на Западниот Балкан

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, на Минхенската безбедносна конференција рече дека нормализацијата на односите е од клучно значење за регионалната стабилност, просперитетот, развојот и напредокот на Западниот Балкан кон ЕУ. Тој најави дека учествувал на панел во рамките на Минхенската конференција на која …

Повеќе »

Сенаторот Манчин се повлече од претседателската трка

Американскиот сенатор од сојузната држава Западна Вирџинија, демократот Џо Манчин се откажа од кандидатурата на претседателските избори во ноември оваа година. Манчин рече дека размислувал да се кандидира за да им даде алтернатива на гласачите кои се незадоволни од Џозеф Бајден и Доналд Трамп, наведува Би-Би-Си. Самопрогласените „конзервативни демократи“ ги …

Повеќе »