Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на Владата на Кина по смртта на Навални


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на кинеската Влада по смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, јави ДПА.


„Денеска имаше изјава на кинескиот министер за надворешни работи дека смртта на Навални е „внатрешно руско прашање“.


Е тоа не е внатрешно руско прашање, бидејќи сите знаеме дека ова е резултат на авторитарниот режим во Москва.

Навални беше неправедно уапсен од рускиот режим, брутално отруен и осуден на смрт затоа што имал храброст да му се спротивстави на (рускиот претседател Владимир) Путин, изјави Столтенберг за новинарите на Минхенската безбедносна конференција.


Тој истакна дека најдобриот начин да се оддаде почит во спомен на Навални е да се поддржи Украина во нејзината војна против тековната руска инвазија.

Столтенберг го опиша одговорот на Пекинг на смртта на Навални како дел од поширокиот модел на однесување на сојузникот на Москва, кој премолчено ја поддржува војната на Путин против Украина, и рече дека резултатот од тоа ќе има глобални последици.


„Пекинг внимателно ја следи војната во Украина. И тоа кое се случува денес во Украина, утре може да се случи во Азија.

И колку е поуспешен Путин во Украина, толку е поголема веројатноста (кинескиот) претседател Си Џинпинг да употреби сила против Тајван“, нагласи Столтенберг. рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА