Breaking News

Гранди повика да се обнови финансирањето на УНРВА


Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди повика на одмрзнување на средствата обезбедени од голем број земји и големи финансиски партнери за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), јави ДПА.


Новинската агенција потсетува дека Израел обвини 12 вработени во УНРВА за вмешаност во терористички напади извршени од Хамас на 7 октомври во Израел, што доведе до израелски одмазднички напади во Појасот Газа.


Овие обвинувања доведоа до тоа голем број западни земји, како и компании кои ја поддржуваат УНРВА, да престанат да ја финансираат.

Гранди истакна дека ситуацијата на Палестинците во Појасот Газа е катастрофална.


„Колку побрзо се донесе одлука за продолжување на финансирањето, толку подобро за животите на милиони луѓе“, рече тој за ДПА на маргините на Минхенската безбедносна конференција. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА