Breaking News

Поранешниот тајландски премиер Шинаватра излезе на слобода


Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра денеска беше ослободен, јавија светските агенции, повикувајќи се на неговиот адвокат.


Пред 15 години тој ја напушти земјата откако беше соборен со воен удар.


Минатата година поранешниот сопственик на англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити се врати во земјата по самонаметнатиот егзил, за да отслужи казна за злосторства извршени за време на неговиот мандат.

Претходно оваа недела, министерот за правда на Тајланд, Тави Содсонг, рече дека Шинаватра има право на предвремено ослободување.


 Шинаватра (74) беше пуштен од полициска болница каде што досега отслужуваше шест месеци од казната поради корупција и злоупотреба на службената должност.

Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн му ја намали пресудата од осум години на една година. рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА