Breaking News

Во Хаг се судриле две групи мигранти од Еритреја, полицијата употребила солзавец


Во холандскиот град Хаг синоќа се судрија две групи мигранти од Еритреја, при што беа запалени неколку автомобили, а ограбени се и некои продавници, јавија локалните медиуми, додавајќи дека полицијата употребила солзавец за да ги растера.


Според холандски „Телеграф“ се судриле приврзаниците и противниците на актуелните власти во Еритреја. Откако полицијата употреби солзавец тие одговорија со фрлање камења и цигли кон органите на редот.


За време на судирот оштетени се три противпожарни возила, јавува „Телеграф“. Во меѓувреме, ситуацијата се смирила, а противпожарните екипи ги изгаснале пожарите предизвикани од запалените автомобили.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА