Breaking News

СВЕТ

Палестинскиот министер за надворешни работи во работна посета на Кипар и Грција

– Министерот за надворешни работи на палестинските власти Ријад ал-Малки денеска и утре ќе биде во работна посета на Кипар и Грција каде што ќе се сретне од шефовите на дипломатиите, јави дописничката на МИА од Атина. Од кипарското МНР соопштија дека на покана на министерот за надворешни работи на …

Повеќе »

Најмалку еден загинат во ракетен напад врз северниот дел на Израел

– Едно лице загина, а седум се ранети во ракетен напад што денеска беше извршен од правец на Либан врз северен Израел, за кој постои сомнеж дека го извршиле милитанти на Хезболах, соопшти израелската здравствена служба Маген Давид Адом (МДА). Израелската армија соопшти дека милитанти на либанскиот Хезболах денеска истрелале …

Повеќе »

Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Федералниот закон за конфискација на имот за лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правни документи. Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесуваат руските медиуми. На 7 февруари, Советот на Федерацијата, Горниот дом на …

Повеќе »

Во Мексико уапсени шестмина членови на нарко-картел осомничени за убиство на осум лица

– Мексиканските власти уапсиле шест членови на нарко-картел поврзани со убиства со мачета на најмалку осум лица во Канкун минатиот месец. Обвинителите соопштија дека шестмина осомничени убиле пет лица со мачета и фрлиле уште три жртви во плиток гроб, пренесува Фокс Њуз. Мексиканската полиција запленила дрога од групата, вклучувајќи марихуана, …

Повеќе »

Експлозија на гасовод во Иран, нема жртви

– Во градот Борујен во иранската провинција Чахармахал и Бахтијара рано утринава се случи експлозија на гасовод, по што избувна пожар, соопшти регионалниот гувернер. Засега нема информации за жртви, а на местото на инцидентот се наоѓаат противпожарни и спасувачки екипи, јавија локалните медиуми. јт/Фото: МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Најмалку едно лице загина во невреме во Австралија

– Стотици илјади жители низ австралиската држава Викторија останаа без струја откако далноводи беа соборени поради лошите временски услови. Невремето предизвика и пожари во кои беа повредени пет пожарникари, а властите соопштија дека еден маж починал на југот на државата откако бил погоден од отпадоци што летале во воздухот. Половина …

Повеќе »

Сирски: Украина се „префрли“ од офанзивни операции на стратешка одбрана

Украина се „префрли“ од офанзивни операции на стратешка одбрана, изјави генералот Олександар Сирски за германски ЗДФ во интервју објавено во вторникот. Интервјуто е снимено неколку дена пред претседателот Володимир Зеленски да го назначи Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, на местото на сменетиот генерал Валериј Залужни. „Војната …

Повеќе »

Израелци: Имаме снимка од лидерот на Хамас, тој бега низ тунел со сопругата, децата и братот

Војската на Израел објави видео во кое наводно се гледа лидерот на Хамас Јахја Синвар во тунел под градот Кан Јунис во јужна Газа. На видеото се и неговата сопруга, децата и братот Ибрахим. Израел јавно го обвини Синвар дека е главниот организатор на терористичкиот напад на Хамас врз Израел …

Повеќе »

Отворени избирачките места за претседателските, парламентарните и локалните избори во Индонезија

Гласачките места за претседателските, парламентарните и локалните избори во Индонезија се отворени во 7 часот по локално време, а речиси 205 милиони индонезиски гласачи ќе можат да гласаат на приближно 800. 000 избирачки места. Поранешниот генерал Прабово Субианто, актуелен министер за одбрана, е фаворит во трката за наследник на актуелниот претседател …

Повеќе »

Претставничкиот дом го отповика министерот за внатрешна безбедност Мајоркас

Претставничкиот дом на САД со мнозинство републиканци го отповика Алехандро Мајоркас, член на администрацијата за имиграција на претседателот Џо Бајден и министер за внатрешна безбедност. Членовите на Републиканската партија го обвинија Мајоркас дека не ги спроведува американските закони за имиграција кои бараат притворање на илегални мигранти на границата, за што …

Повеќе »