Breaking News

Најмалку еден загинат во ракетен напад врз северниот дел на Израел


– Едно лице загина, а седум се ранети во ракетен напад што денеска беше извршен од правец на Либан врз северен Израел, за кој постои сомнеж дека го извршиле милитанти на Хезболах, соопшти израелската здравствена служба Маген Давид Адом (МДА).


Израелската армија соопшти дека милитанти на либанскиот Хезболах денеска истрелале ракети врз базата на седиштето на Северната команда во Сафед, пишува Тајмс оф Израел.


„Идентификувани се бројни лансирања од Либан во областа Нетуа, Манара и базата на израелската армија во северен Израел“, се вели во соопштението.

Израелската војска соопшти дека возвратила на нападот и ги гаѓала местата за лансирање. Генералниот директор на службата МДА, Ели Бин, изјави дека едно лице загинало во ракетен напад од Либан.


Тој прецизира дека при претрес на зградите кои биле погодени од ракетен оган било откриено тело на жена. јт/Фото: МДА .

Извор: МИА