Breaking News

Најмалку едно лице загина во невреме во Австралија


– Стотици илјади жители низ австралиската држава Викторија останаа без струја откако далноводи беа соборени поради лошите временски услови.


Невремето предизвика и пожари во кои беа повредени пет пожарникари, а властите соопштија дека еден маж починал на југот на државата откако бил погоден од отпадоци што летале во воздухот.


Половина милион објекти вчера останаа без струја, а околу 220. 000 домаќинства и бизниси сè уште се без струја, соопшти премиерката на државата Викторија Џасинта Алан.

Некои железнички линии во Мелбурн беа прекинати, а затворени се најмалку 10 училишта и десетици градинки.


Австралиската метеоролошка агенција прогнозираше подобро време за денеска, со температури меѓу 20 и 30 Целзиусови и умерен ветер, но предупредува дека се уште постои ризик. јт/Фото: ЕПА .

Извор: МИА