Breaking News

Палестинскиот министер за надворешни работи во работна посета на Кипар и Грција


– Министерот за надворешни работи на палестинските власти Ријад ал-Малки денеска и утре ќе биде во работна посета на Кипар и Грција каде што ќе се сретне од шефовите на дипломатиите, јави дописничката на МИА од Атина.


Од кипарското МНР соопштија дека на покана на министерот за надворешни работи на Кипар Константинос Комбос, Малки денеска ќе биде во Никозија, а освен со шефот на дипломатијата, ќе се сретне и со претседателот Никос Христодулидис.


-Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните случувања на Блискиот Исток, билатералните односи како и последните случувања во кипарското прашање, соопштија од Министерството за надворешни работи на Кипар.

Од Никозија, шефот на палестинската дипломатија ќе пристигне во Атина на средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис. ср/ .


Извор: МИА