Breaking News

СВЕТ

Кац го критикуваше претставникот на ОН, Грифитс поради изјавата дека Хамас не е терористичка организација

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац денеска го критикуваше потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања Мартин Грифитс поради неговата изјава дека Хамас не е терористичка група. „За нас, се разбира, како што знаете, тоа е политичко движење“, рече Грифитс во интервју за „Скај њуз“, на прашањето дали е …

Повеќе »

„Вашингтон пост“: САД и партнерите од Блискиот Исток подготвуваат мировен договор

САД и неколку блискоисточни партнери подготвуваат детален план за сеопфатен мировен договор меѓу Израел и Палестинците, кој вклучува „цврста временска рамка“ за формирање на палестинска држава, пишува Вашингтон пост, наведувајќи дека повеќе детали би можеле да се знаат во следните неколку недели. Итноста на напорите е директно поврзана со предложениот …

Повеќе »

Ердоган: Односите меѓу Турција и САД се на добар пат по договорот за Ф-16

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека односите меѓу Турција и САД бележат позитивен тренд, откако постигна напредок во договорот за продажба на американски авиони Ф-16 на Анкара, пренесоа денеска турските медиуми. Ердоган на новинарите во средата, за време на повратниот лет од Каиро, изјави дека има се повеќе прашања …

Повеќе »

Сикорски апелираше до американскиот Конгрес да усвои пакет помош за Украина

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска апелираше до Конгресот на САД да го усвои пакетот помош за Украина. „Би сакал ова да го третирате како наш заеднички апел до Претставничкиот дом на САД и до претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон самиот да го стави пакетот помош на …

Повеќе »

Медиуми: Блинкен пристигна во Тирана, Амбасадата објави дека ќе се сретне и со првиот човек на СПАК, носи ли список на непожелни

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во прва официјална посета на Тирана, каде ќе престојува осум часа. На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ беше пречекан од министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во објава на социјалните мрежи во која меѓу другото нагласува дека „посетата ќе ги зајакне партнерството …

Повеќе »

Украинските сили извршија ракетен напад врз Белгород, најмалку двајца загинати

Најмалку две лица загинаа во рускиот град Белгород во ракетен напад на Украина, јавуваат денеска руските медиуми. Во нападот е оштетен трговскиот центар, како и автомобили паркирани во близина. Според Министерството за одбрана, Украина го нападнала регионот Белгород со ракети MLRS RM-70 Vampire. Руската воздушна одбрана собори 14 гранати. Гранатирањето …

Повеќе »

Макрон и Зеленски утре ќе потпишат билатерален договор за безбедност

Претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски, утре во Париз ќе потпишат билатерален договор за безбедност, соопшти Елисејската палата. „Договорот е дел од заложбата прифатена на состанокот на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), одржан на маргините на самитот на НАТО во Вилнус во јули 2023 година“, …

Повеќе »

Никол Пашињан изјави дека Азербејџан сака „тотална војна“ со Ерменија

– Ерменскиот премиер Никол Пашињан денеска изјави дека Азербејџан сака „тотална војна“ со Ерменија, два дена по новите судири на границата меѓу двете кавкаски земји. – Нашите анализи покажуваат дека Азербејџан сака да преземе воени дејствија во некои погранични области со цел воена ескалација што ќе се претвори во тотална …

Повеќе »

Зеленски на Минхенската безбедносна конференција се очекува да се сретне со Камала Харис, Олаф Шолц и други лидери

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, јави ДПА. Белата куќа соопшти дека американскиот потпретседател Камала Харис ќе се сретне со Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц на форумот во главниот град на Баварија. Ова ќе биде прво лично појавување на Зеленски на годишната конференција откако …

Повеќе »

Во израелските воздушни напади за 24 часа загинаа 10 либански цивили

Бројот на цивилни жртви во вчерашните два израелски воздушни напади врз Либан се искачи на десет, објавија денеска либанските државни медиуми. Ова е најголем број на жртви во еден ден во прекуграничните конфликти кои траат повеќе од четири месеци. Либанскиот екстремистички Хезболах вети дека ќе се одмазди за нападите во …

Повеќе »