Breaking News

СВЕТ

Путин наводно го разрешил командантот на руската флота поради потонатиот брод

– Адмиралот Виктор Соколов, командант на руската Црноморска флота, е разрешен еден ден откако Украина соопшти дека го потопила големиот десантен брод „Цезар Куников“ објавија руските воени блогери и поранешниот советник во Кремљ, Сергеј Марков. Засега нема официјална потврда од Москва, а руското Министерство за одбрана не одговорило на барањата …

Повеќе »

Седум лица уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари во Хонг Конг

Царинските службеници во Хонг Конг уапсија седум лица поврзани со перење на 1,8 милијарди долари, што е најголемиот случај на перење пари во Хонг Конг, објави Чајна дејли. Како што се наведува, според официјални лица, седуммина локални жители, на возраст меѓу 23 и 74 години, биле дел од голема транснационална …

Повеќе »

Властите затворија неколку паркови во Сиднеј откако е откриен азбест

– Австралиските власти денеска затворија неколку паркови во Сиднеј, откако на неколку локации во градот беше откриен азбест. Градскиот совет на Сиднеј соопшти дека ќе почне со проверка на 33 паркови за да утврди дали се загадени со азбест и додаде дека тестирањето ќе трае неколку недели. Околу 700 ученици …

Повеќе »

Анонимни извори тврдат дека Египет подготвува зона за прием на Палестинци на Синај

– Египет подготвува област долж границата со Газа што би можела да се користи за прифаќање на Палестинци доколку израелската офанзива предизвика егзодус преку границата, изјавиле четири извори опишувајќи ја можноста како резервен план на Каиро, јавија светските агенции. Египет, кој официјално негира секакви подготовки во оваа насока, постојано предупредуваше …

Повеќе »

Земјотрес во Турција

– Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Малатија на длабочина од осум километри. Засега нема информации за жртви и материјална штета. . Извор: МИА

Повеќе »

Бројот на загинатите во украинското гранатирање на Белгород се зголеми на седуммина

Бројот на загинати во украинското гранатирање на Белгород во Русија се искачи на седум, а бројот на повредени на 19, изјави шефот на регионот Вјачеслав Гладков. Гладков на Телеграм напиша дека според последните податоци загинале седум лица, меѓу кои и едногодишно девојче. Тој изјави дека 10 ранети се во болниците …

Повеќе »

Најмалку 11 загинати при експлозија и пожар во фабрика за бои во Индија

Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени кога зграда на фабрика за бои во Њу Делхи се урна по експлозија и пожар, соопшти претставник на пожарникарите. Пожарот избувна синоќа во северниот дел на индиската престолнина по експлозија во фабрика и зафатил два магацина и центар за лекување на зависности …

Повеќе »

Абдиџику: Косово е заложник на популистичкото лудило на Владата на Курти

– Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику вели дека, додека Албанија напредува „со крупни чекори“, Косово станало „заложник на популистичкото лудило“ на владата на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Коментирајќи ја вчерашната посета на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен на Тирана, Абдиџику …

Повеќе »

Зголемен притисок врз Израел пред големата акција, Бајден го предупреди Нетанјаху

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа повторно му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не треба да продолжи со воена акција во Рафа без кредибилен и спроведлив план за заштита на палестинските цивили, соопшти Белата куќа. Двајцата лидери синоќа разговараа по вторпат за помалку од една недела, при што Бајден …

Повеќе »

Зеленски ќе се сретне со Шолц во Берлин пред да отпатува за Париз

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, во рамките на неговата втора официјална посета на Германија од почетокот на целосната руска инвазија. Како што пренесе ДПА, се очекува Шолц и Зеленски да потпишат долгорочен безбедносен договор. Зеленски ќе се сретне и со германскиот …

Повеќе »