Breaking News

Кац го критикуваше претставникот на ОН, Грифитс поради изјавата дека Хамас не е терористичка организација


Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац денеска го критикуваше потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања Мартин Грифитс поради неговата изјава дека Хамас не е терористичка група.


„За нас, се разбира, како што знаете, тоа е политичко движење“, рече Грифитс во интервју за „Скај њуз“, на прашањето дали е реално инсистирањето на Израел, Хамас никогаш да не биде дел од идната палестинска влада.


Како реакција, израелскиот министер во објава на платформата „Икс“ на англиски напиша дека ќе го елиминира Хамас „со или без нив“ и дека еврејската крв не е евтина. „Срам да му е.

Обединетите нации секојдневно достигнуваат ново дно“, објави Кац. рп/Фото: Икс .


Извор: МИА