Breaking News

Украинските сили извршија ракетен напад врз Белгород, најмалку двајца загинати


Најмалку две лица загинаа во рускиот град Белгород во ракетен напад на Украина, јавуваат денеска руските медиуми. Во нападот е оштетен трговскиот центар, како и автомобили паркирани во близина.


Според Министерството за одбрана, Украина го нападнала регионот Белгород со ракети MLRS RM-70 Vampire. Руската воздушна одбрана собори 14 гранати.


Гранатирањето се случило околу 12:30 часот по московско време. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА