Breaking News

Зеленски на Минхенската безбедносна конференција се очекува да се сретне со Камала Харис, Олаф Шолц и други лидери


– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, јави ДПА.


Белата куќа соопшти дека американскиот потпретседател Камала Харис ќе се сретне со Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц на форумот во главниот град на Баварија.


Ова ќе биде прво лично појавување на Зеленски на годишната конференција откако Русија ја почна својата инвазија врз Украина пред речиси две години.

Минатата година, украинскиот претседател преку видео врска се приклучи на отворањето на конференцијата, која се смета за најважна средба на политичари и експерти за прашања од безбедносната политика, потсетува ДПА.


Ова ќе биде втора посета на Зеленски на Германија по руската инвазија врз Украина. Во мај, тој ги посети главниот град Берлин и градот Ахен за да добие награда.

Потоа Зеленски се сретна со Шолц и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.


На конференцијата, која ќе почне утре и ќе трае до недела, се очекува да учествуваат околу 50 светски лидери, меѓу кои Шолц, Харис и израелскиот претседател Јицак Херцог. јт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА