Breaking News

Сикорски апелираше до американскиот Конгрес да усвои пакет помош за Украина


Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска апелираше до Конгресот на САД да го усвои пакетот помош за Украина.


„Би сакал ова да го третирате како наш заеднички апел до Претставничкиот дом на САД и до претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон самиот да го стави пакетот помош на гласање во Претставничкиот дом“, рече Сикорски за време на заедничката прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.


Тој додаде дека тоа е клучна одлука која ќе влијае на кредибилитетот на Америка низ целиот свет.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и највисоките американски функционери бараат од претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон да се гласа за нацрт-законот за финансирање за кој Белата куќа верува дека е клучен за војната на Украина против Русија.


Полска и Британија се меѓу земјите кои даваат најголема поддршка на Украина во војната со Русија. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА