Breaking News

МАРКЕТИНГ

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2022“

Во организација на Македонскиот институт за медиуми денеска ќе бидат доделат новинарските награди „Никола Младенов 2022“. Ќе се доделат три награди во категориите „Нajдобра истражувачка сторија“, „Најиновативен новинарски производ“ и „Најдобра репортерска фотографија“. Наградите се доделуваат традиционално како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на …

Повеќе »

Асоцијацијата на здруженија на инженери денеска ќе го одржи настанот „Инженерството инспирација за младите уметници”

Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија по повод одбележувањето на 103 годишнината од формирањето на првото македонско здружение на инженери и архитекти, денеска ќе го одржи настанот „Инженерството инспирација за младите уметници” во Националната опера и балет. Настанот има за цел истакнување на нераскинливата врска помеѓу …

Повеќе »

Промоција на второто издание на „Среќата е глагол“ од Марковски во петок во 19 часот во Makka bar

На 24 март, петок, во 19:00 часот во Makka bar во Скопје ќе биде промовирано второто издание на „Среќата е глагол“ од Стефан Марковски. По 10 години од првото издание на оваа книга го имаме и второто, изменето издание со содржини кои инкорпорираат сознанија од современата психологија и наука со …

Повеќе »

Хуманитарен настан на Црвниот крст за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

По повод 78 години од своето формирање, Црвениот крст денеска во хотелот „Холидеј ин“ организира настан посветен на хуманоста и солидарноста за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија. На настанот е предвидено обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, на турскиот амбасадор во нашата држава Хасан Мехмет Секизќок, како и …

Повеќе »

Бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за 300 жени вработени во Витаминка

Витаминка обезбеди бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за над 300 жени вработени во компанијата. Прегледите се спроведуваа во просториите на самата компанија, за што беше донесена потребната опрема, ехо-апарат и медицински персонал за спроведување на прегледите од ПЗУ Интермед арт од Скопје. Вработените кои се пријавиле за преглед, …

Повеќе »

Wine and Music Sessions – започнува ново музичко и винско доживување во Скопје

Аудиокултура заедно со Винарија Камник започнуваат серија посебно конципирани настани на кои се спојуваат доживувањата на музика и виното, под мотото „Музиката спојува, виното инспирира“. Оваа петочка ноќ, првата од Wine and Music Sessions помина со настапот на Јован Милошевски на акустична гитара, македонски виртуоз кој живее и работи во …

Повеќе »

„САКАМ ДА РАБОТАМ“ ДО „АНТИКОЦКАЊЕ“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

             Продолжуваат нервозните реакции на дежурните критичари на игрите на среќа кои очигледно се активираат по потреба со далечинско управување. Немаат аргументи, се служат со навреди, невистини, измислени информации и приземен речник. Згора на се’ му наштетувааат на меѓународниот углед на државата, влегувајќи во конфликт со амбасадори од ЕУ. Разнишани …

Повеќе »

Општинскиот Црвен крст Велес ги додели признанијата на најдобрите крводарители

Општинската организација на Црвен крст Велес по повод 17 март – Ден на Црвениот крст на Република Северна Македонија и воедно Ден на крводарителството, синоќа во големата сала на Општина Велес ги додели признанијата за најдобрите на полето на крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2022 година. Признание на …

Повеќе »

Елена и Поточиња со песната “Мамо Благодарам” најавуваат роденденски јубилеј

Во пресрет на јубилејниот 20-ти роденден на детскиот фестивал Поточиња, Елена Ристеска и Хорот Поточиња на публиката и подаруваат песна полна емоции посветена на секоја мајка. Ова е година во која и Елена заедно со Поточиња одбележува 20 години на сцената и токму со “Мамо Благодарам” заеднички го најавуваат јубилејното …

Повеќе »

Црвениот крст одбележува 78 години од основањето

Црвениот крст одбележува 78 години од основањето и 28 години од полноправно членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Како што информираат од Црвениот крст, во текот на годината планираат да одржат бројни настани со кои ќе ја одбележат годишнината. Централниот настан ќе се одржи …

Повеќе »