Breaking News

ФИНАНСИИ

Велешанец дал капар за огревни дрва, а не ги добил, СВР Велес апелира на внимателност

Седумдесет годишен велешанец дал капар за огревни дрва, а дрвата не му биле донесени. СВР Велес информира дека 70-годишен велешанец пријавил дека на 12 март годинава бил измамен од едно лице за сума од 5.000 денари. Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва по цена од 3.500 денари за кубен …

Повеќе »

Моравјецки: Полска ќе побара дополнителни 240 милиони евра од ЕУ за рефинансирање на воените набавки за Украина

Полска ќе побара дополнителни 240 милиони евра од ЕУ за рефинансирање на воените набавки за Украина, изјави денеска во Брисел полскиот премиер Матеуш Моравјецки. „Полска веќе има добиено околу 42 милиони евра за рефинансирање на купувањето оружје за Украина“, изјави Моравјецки пред почетокот на самитот на ЕУ, што се одржува …

Повеќе »

Пет средношколски тимови ќе добијат по 120.000 денари за да ги остварат иновативните решенија за заштита на почвата

Пет групи составени од млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за да ги остварат иновативните решенија за подобрување и заштита на почвените ресурси во заедницата и да се приспособат на последиците од климатските промени. Иноваторите беа избрани во рамки на програмата „Апшифт“ (UPSHIFT), во …

Повеќе »

ДЗР изразува резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за финансии за 2021 година. Од извршената ревизија на финансиските извештаи на МФ и ревизијата на усогласеност на сметката на основен буџет (631) за 2021 година, ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и …

Повеќе »

Во изминатото деноноќие произведени се 14.863 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 14.863 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата. Од вкупно произведената електрична енергија, во термоелектраните биле произведени 10.250 мегават …

Повеќе »

Цeнтралната банка на САД ги покачи каматните стапки и покрај глобалните банкарски потреси

Федералните резерви (Фед) синоќа ги покачија каматните стапки за четвртина отсто, сигнализирајќи дека постои спремност за запирање на понатамошно покачување на чинењето на кредитите, а откако имаше потреси на финансиските пазари предизвикани од колапсот на две американски банки. Основната каматна стапка за еднодневни депозити е фиксирана од 4.75 до 5.00 …

Повеќе »

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

Народната банка е домаќин на Годишната конференција на Виенската иницијатива, којашто се одржува на 23 и 24 март во Скопје. Ова е еден од најголемите годишни собири во областа на финансиите во Европа, којшто за првпат се организира надвор од границите на Европската Унија. На годинешниот форум учествуваат гувернерите на …

Повеќе »

Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април

Владата денеска ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се …

Повеќе »

УНИЦЕФ: Во Пакистан 10 милиони луѓе се уште немаат вода за пиење поради минатогодишните поплави

УНИЦЕФ денеска предупреди дека по големите поплави во Пакистан, 10 милиони луѓе, вклучувајќи и деца, сè уште живеат во области без пристап до безбедна вода за пиење. Во соопштението на УНИЦЕФ се истакнува лошата ситуација во сиромашниот Пакистан, земја со 220 милиони жители која сè уште се бори со последиците …

Повеќе »

Министерот за здравство, Фатмир Меџити одржа состанок со Лекарската комора

Министерот за здравство, Фатмир Меџити одржа состанок со Лекарската комора на РСМ, каде централна тема беше справување со предизвиците на миграцијата на лекарите и предизвиците со кои се соочуваат во нашата држава. На оваа средба се истакна дека го препознаваме вредниот придонес што лекарите го даваат во нашиот здравствен систем …

Повеќе »