Breaking News

Моравјецки: Полска ќе побара дополнителни 240 милиони евра од ЕУ за рефинансирање на воените набавки за Украина


Полска ќе побара дополнителни 240 милиони евра од ЕУ за рефинансирање на воените набавки за Украина, изјави денеска во Брисел полскиот премиер Матеуш Моравјецки.


„Полска веќе има добиено околу 42 милиони евра за рефинансирање на купувањето оружје за Украина“, изјави Моравјецки пред почетокот на самитот на ЕУ, што се одржува денеска и утре.


На состанокот присуствува и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој бара од лидерите на ЕУ да се обезбеди дека руските и белоруските минерални ѓубрива ќе стигнат до земјите во развој, и покрај санкциите против овие две земји. рп/

Брисел, 23 март 2023 (МИА)