Breaking News

Во изминатото деноноќие произведени се 14.863 мегават часови електрична енергија


АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 14.863 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.


Од вкупно произведената електрична енергија, во термоелектраните биле произведени 10.250 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.613 мегават часови. ир/са/