Breaking News

Zoran Popov

Една жртва при уривање на трибина на училишен стадион во Ростов на Дон

– Една жена загина, а 26 лица, меѓу кои 15 деца, се повредени кога вчера се урна трибина за гледачи на стадион на територијата на спортско училиште во рускиот град Ростов на Дон. Инцидентот се случил за време на детски фудбалски турнир соопшти гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев. Според …

Повеќе »

Тројца кандидати за претседателската функција на Летонија

Пратениците на еднодомниот парламент (Сејм) на Летонија денеска ќе гласаат за нов претседател. Актуелниот шеф на државата Егилс Левитс не се кандидира за втор мандат и ќе ја извршува функцијата до 8 јули, јави ДПА. За највисоката државна функција во републиката има тројца кандидати. Во конкуренција за функцијата се 42-годишната …

Повеќе »

Промоција на Речник на медиумска писменост

Институтот за комуникациски студии денеска ќе промовира Речник на медиумската писменост кој, како што соопшти, е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се појавија во дигиталната ера и новите начини на комуникација, со развојот на медиумите и со појавата на нови алатки и активности во онлајн-сферата. -Целта за …

Повеќе »

МААЕ претстави пет принципи за да се спречи нуклеарна несреќа во Украина

– Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска ги повика Русија и Украина пред Советот за безбедност на ОН да поддржат пет „конкретни принципи“ за да се обезбеди безбедноста на украинската електрана во Запорожје и да се избегне нуклеарна несреќа. – Имаме среќа што сè уште не се …

Повеќе »

Седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 21. седница на чиј дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и предлог за одлучување по еден предмет. Уставните судии ќе ја разгледуваат иницијативата на адвокат Александра Илиева Милчова со која се оспорува член 99 став 5 од Законот за судовите во …

Повеќе »

Работилница за имплементација на законите за посебни текови и управување со отпад во Струмица

Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија, денеска организира бесплатна работилница на тема „Искуства и предизвици од имплементација на законите за посебни текови и управување со отпад“, која ќе се одржи во хотелот „Сириус“ во Струмица, со почеток во 10:00 часот. На работилницата, …

Повеќе »

Дебата „Локални иницијативи за глобални чекори“

Европското движење (ЕММК) денеска во Скопје ја продолжува традицијата на организирање дебати од циклусот на настани „Кафе Европа“ со кафе-дебатата на тема „Локални иницијативи за глобални чекори“. На дебатата, како што информираат од ЕММК, ќе учествуваат министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на …

Повеќе »

Промовирање на Препораката на Комитетот на министри за борба против говорот на омраза во Скопје

– ЕУ и Советот на Европа, во рамки на заедничкиот проект „Борба против омразата и нетолеранцијата“, денеска организираат конференција „Општество без омраза; заедничка заложба и заедничка цел“ на која ќе ја претстават и промовираат Препораката на Комитетот на министри на Советот на Европа за борба против говорот на омраза. Конференцијата …

Повеќе »

Конференција: „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“

Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. заедно со иницијативата ПЕРИОД. Скопје денеска ја организираат конференција „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“. Како што информираат од Здружението Тиииит! Инк. , целта на оваа конференција е да поттикне промени во јавните политики кои би довеле до системски решенија и …

Повеќе »

Штрајк на затворските службеници во Романија

– По вработените во образованието, железницата и здравството, денеска штрајкуваат и околу 5. 000 службеници во затворите во Романија. Тие најмалку четири часа ќе одбиваат дополнителна работа и со тоа ќе ги замрзнат посетите, програмата за пешачење и појавувањето на притворените пред суд, се вели во соопштението на Националниот синдикат …

Повеќе »