Breaking News

Работилница за имплементација на законите за посебни текови и управување со отпад во Струмица


Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија, денеска организира бесплатна работилница на тема „Искуства и предизвици од имплементација на законите за посебни текови и управување со отпад“, која ќе се одржи во хотелот „Сириус“ во Струмица, со почеток во 10:00 часот.


На работилницата, чија цел е размена на искуства и предизвици со кои се соочуваат засегнатите страни за спроведување на законите од областа на управување со отпадот и проширената одговорност на производителот, ќе присуствува министерката за животна средина просторно планирање Каја Шукова, која е и претставник на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија.


На настанот ќе учествуваат деловните субјекти од дејноста, надлежните владини институции за воспоставување законска регулатива, инспекциските служби кои имаат обврска да ја следат примената на регулативата и локалните самоуправи кои се обврзани да ја имплементираат.

ир/лв/Фото: МИА .


Извор: МИА