Breaking News

Штрајк на затворските службеници во Романија


– По вработените во образованието, железницата и здравството, денеска штрајкуваат и околу 5. 000 службеници во затворите во Романија.


Тие најмалку четири часа ќе одбиваат дополнителна работа и со тоа ќе ги замрзнат посетите, програмата за пешачење и појавувањето на притворените пред суд, се вели во соопштението на Националниот синдикат на затворски службеници.


Незадоволните додаваат дека од јуни блокирањето на активностите повеќе нема да биде четири часа, туку најмалку четири дена, доколку не се слушнат нивните барања.

Вработените во затворите стапија во штрајк откако дознаа за плановите на владата да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 65 години до 2035 година и да ги реформира таканаречените специјални пензии.


Тие се жалат на ниски плати и недостиг на персонал. – Минималниот број на редари е 20. 000 според утврдените стандарди. Во моментов се пополнети 12. 500 позиции, велат синдикалците.

Тие се заканија дека денешниот протест е прво предупредување за властите. јт/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА